Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Грција – Влез за гости од само 16 членки на ЕУ

loeskieboom/BigStock.com

Грција – Влез за гости од само 16 членки на ЕУ

Грчките туристички власти објавија дека од 15 јуни ја отвораат државата за туристи и гости од странство, но засега со прилично редуциран избор на државите од каде странците ќе може да доаѓаат.

Станува збор за 29 држави, од кои од ЕУ изборот е само на 16 од земјите-членки.

Во групата земји од каде ќе се примаат гости се Германија, Австрија, Норвешка и Данска, на пример, потоа Чешка, трите балтички држави, Финска, како и Кипар и Малта.

Но во листата на (засега) „забранетите“ земји се и една Франција, потоа Италија и Шпанија. Сите тие поради се уште високиот процент на заразени лица од Ковид-19 и висока смртност кои овие три земји – и самите туристички велесили – ја имаат регистрирано во текот на мај и на почетокот од јуни.

Британците меѓу непожелните

На овој „црн список“ на непожелни гости кои не може да влегуваат во Грција се и туристите од Велика Британија, која повеќе не е членка на Унијата. Забраната е направена само поради високата смртност и големата заразеност меѓу Британците. Оваа земја, на пример, има над 39 илјади починати лица и 280 илјади инфицирани пациенти. Само во еден ден, меѓу неделата и понеделникот, се регистрирани над 1500 нови случаи .  Според смртноста, Британија е пред сите другите во Европа и во ЕУ.

Но на списокот држави од каде ќе се примаат гости е и една Кина, од каде потекнува пандемијата со коронавирусот и од каде епидемијата се рашири низ цела Европа и низ светот.

А во групата на 13 земји кои не се во ЕУ, се споменуваат и Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Израел и Либан. Во ова друштво се и Република Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија

За странските гости кои ќе пристигаат со авион , засега, ќе бидат отворени само два аеродроми во Грција, оној во Атина и аеродромот во Солун. На самото место, ќе се врши тестирање на странските посетители, доколку доаѓаат од „сомнителни аеродроми“ – објаснуваат грчките власти.

Во јули нов список на добредојдени

Ваквата мерка и сегашниот список на добредојдени и непожелни странски туристи ќе биде подложен на дополнителни проверки и на дополнување со нови земји, чии државјани ќе може да влезат во Грција, според тоа како кај нив ќе се развива здравствено-санитарната ситуација со пандемијата.

Многу е веројатно дека од 1 јули, оваа земја ќе се отвори за туристите од сите членки на ЕУ.

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис, во изјава за домашните медиуми, што ја пренесуваат европските агенции рекол дека целта на сите овие мерки и на претпазливоста на грчките власти е „да им се овозможи добредојде во Грција на сите кои не претставуваат закана“ за раширување на епидемијата.

Грција во минатата 2019 година ја посетиле 33 милиони туристи и гости. На земјата тие и имаат донесено 19 милијарди евра.

За разлика од Италија, Шпанија и Франција, како и некои други земји од Западна Европа, Грција минува низ пандемијата со многу поповолни регистрирани податоци – со три илјади заразени лица и со до сега 179 починати.

Во земјата се уште се регистрираат новозаразени лица, во помал обем од порано. Регистрирани се и ново починати. Вкупно четири лица, меѓу 31  мај и 1 јуни.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе