Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Чешка: Календар со нацистички водачи

Чешка: Календар со нацистички водачи

Во Чешка се појавил во продажба календар за следната 2021 година, со фотографии на нацистички водачи од времето на нацизмот во Германија и Втората светска војна.

Неговото појавување има предизвикано вчудоневиденост и гнасење на демократската и либерална чешка јавност. Гневот се зголемил уште повеќе кога издавачот се има пофалено дека побарувачката за еден ваков бизарен календар предизвикал толку голема побарувачка, што за да може да се добие треба да се чека – на ред, до две недели!

Издавач на календарот е чешката издавачка куќа „Наше војско“ од Прага. Оваа фирма, пред неколку години има направено сличен ваков „шок“ инцидент – пуштајќи во продажба шољи за чај и за кафе со слика на нацистичкиот фирер, Адолф Хитлер.

Полицијата тогаш не сметала дека станува збор за кривично дело – величање на нацизмот – па, не било подигнато обвинување против раководството на фирмата.

Калeндарот има слики од познати нацисти како Хајнрих Химлер и Јозеф Гебелс, па до слики со ликовите на Рихард Хајдрих, инаку убиен во атентат, токму во Прага од чешките партизански диверзанти, потоа од Херман Франк, како и од злогласниот нацистички лекар Јозеф Менгеле, за кој се знае дека има експериментирано со живи луѓе-заробеници во нацистичките логори – во настојувањето да создаде вистински ариевски човек.

На појавувањето на еден ваков календар со осуда реагирала еврејската заедница, како и амбасадорот на Германија во Прага. Тие изразиле остро спротивставување, инсистирајќи дека „не станува збор за слобода на изразувањето, туку за пропагирање на нацизмот и на величање на воените злосторници“.

Германскиот амбасадор уште има изразено и чудење – како тоа некој може да „прави, да продава и да пропагира вакво ѓубре, а други да го купуваат и тоа во Чешка која толку многу има пропатени од нацизмот и нацистите“.

Според чешките медиуми, властите во Прага реагирале на тој начин што го откажале изнајмувањето на просторот каде се складирале календарите, а потоа на издавачката куќа и бил одземен и просторот каде била сместена.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе