Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Mатис: Претседателот Трамп ја дели Америка

Фото: Navy Petty Officer 1st Class Kathryn E. Holm

Mатис: Претседателот Трамп ја дели Америка

Поранешниот американски министер за одбрана Џејмс Матис го обвини претседателот Доналд Трамп дека со својата политика само ја дели Америка.

„Тој е првиот претседател во мојот живот кој не се обидува да ги обедини Американците. Дури и не се преправа дека сака тоа да го направи. Наместо тоа, тој се обидува да не подели”!

…има речено Матис за американското списание „Атлантик“.

Несогласување околу Сирија

Џејмс Матис беше шеф на Пентагон и важеше за еден од најблиските соработници на Трамп од времето на неговата прва постизборна администрација на САД.

Во политиката влезе како генерал кој ја соблече униформата и се пензионира за политиката. Беше со Трамп уште во текот на предизборната кампања, заедно со еден друг поранеше војник – Мајк Флин, кој во таа прва администрација беше првиот советник за национална безбедност.

Тој е еден од првата група политичари и советници на Трамп кои се огрешија од законот, а Флин се уште чека да му биде изречена висината на казната.

Матис демонстративно поднесе оставка на функцијата откако Трамп, без консултации со Пентагон и со американските генерали на теренот, одлучи да ги повлече Американците од Сирија.

Претседателот не ги прифати сугестиите на воените и политичките експерти дека со тоа создава безбедносен вакуум на теренот. Освен тоа, со  повлекувањето на САД од Сирија, ги остави сојузничките Курди кои има голема улога во поразувањето на џихадистите на сирискиот фронт,  на милост и на немилост на Турција и на Русија, како и на режимските сили на Башир ал Асад.

Поддршка за протестите

Веднаш по појавувањето на текстот, Трамп се огласи со коментар на Твитер во кој го нападна Матис, уште еднаш деградирајќи го со изјавата дека министерот, всушност, не поднесол  оставка, туку дека бил сменет од функцијата.

Џејмс Матис (70), меѓутоа, претставува ценета личност во американските воени и политички кругови.

Тој до сега не реагираше на случувањата во американската политика и на постапките на претседателот.

Ова е прв пат, поранешниот генерал и министер да изреагира за случувањата во САД. Овој пат тој реагира за смртта на афро-американецот Џорџ Флојд кој почина во текот на апсењето од страна на полицијата.

Матис сега вели дека ги поддржува протестите низ американките сојузни држави.

„Тие луѓе имаат право да протестираат. Со право бараат да имаат еднакви права“ – има речено Џејмс Матис.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе