Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Протерани за капење во каналот Гранде

bildlove/BigStock.com

Протерани за капење во каналот Гранде

Двајца туристи од Германија се уапсени и се протерани од Венеција, затоа што се капеле во водите на каналот Гранде.

Двајцата гости на овој град-музеј, што меѓу првите во Италија беше ставен во целосен карантин, по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, сега кога Венеција е повторно отворена за посетители и туристи, допатувале за да се потсетат на времето кога се беше поинаку, но веднаш предизвикале тежок инцидент.

Кога се нашле во близината на мостот Риалто и забележале дека водата во каналите сега е чиста и бистра, поради отсуството на гости и отсуството на сообраќај низ каналите, решиле да се разладат во морската вода. Се свлекле и се фрлиле во водата, за да се искапат.

Веднаш реагирала морнаричката полиција, која ги повикала полицајците да интервенираат. А, тие ги извадиле на сила пливачите кои пливале од едниот крај на каналот до другиот, по што веднаш биле уапсени.

Биле казнети со 700 евра, како и со протерување од градот.

Претставник на градските власти има изјавено дека германските туристи биле протерани само затоа што капењето во каналите во Венеција, од секогаш е забрането. Казнувањето нема никаква врска со корона вирусот и со пандемијата.

Овој град, еден од најубавите во светот, беше затворен за посетители, повеќе од два месеци, ставен во карантин. Од 1 јуни, Италија најави отворање на границите за гости од странство, помалку и налутена што Европа и светот, со резерви се однесуваат кон посетата на оваа земја – туристичка сила.

„Не гледајте на нас како да сме лепрозни луѓе“ – изјави налутено италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Ситуацијата со короната во земјата е драстично изменета од порано, но епидемијата не е совладана. Само во 24 часови, во петокот, бројот на новозаразените во Италија бил четири пати зголемен, а смртноста, иако силно намалена и понатаму прибира „данок во крв“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе