Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Столтенберг: Борбата со дезинформациите клучна за НАТО

palinchak/BigStock.com

Столтенберг: Борбата со дезинформациите клучна за НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека борбата против дезинформациите и против пропагандата е клучна за Алијансата.

„Мораме заеднички да соработуваме за да се бориме со дезинформациите кои ги покренуваат и ги шират државни и недржавни актери, затоа што тие се обидуваат да посеат поделба и да ја поткопаат нашата демократија, да тврдат дека Западот е слаб, дека НАТО е готов“ – има речено Столтенберг во интервју за еден црногорски медиум.

Против Алијансата

Според генералниот секретар, создавањето на дезинформациите и нивното ширење има за цел да ја растури довербата меѓу силите на Алијансата, што бара од сите максимална будност.

„Сепак, не е работата во тоа, на ваквата пропаганда да одговориме со пропаганда. Во борбата со лажните и неточни информации и приказни, треба да се бориме со факти – со нашите вредности, со конкретни акции кои ја покажуваат спремноста и солидарноста во рамките на НАТО“ – рекол Столтенберг.

Тој смета дека никој затоа, не треба да ја искористи сегашната здравствена криза (околу коронавирусот) за гола пропаганда и за правење и ширење дезинформации. Едноставно, затоа што оваа и ваква криза ги погоди сите.

“Наша задача и должност (како НАТО) сега е да се сочуваат животите на луѓето” – рекол Столтенберг, забележувајќи дека има сили – државни и недржавни – кои сакат кризата со коронавирусот да ја искористат за правење безбедносна криза.

Штетна реторика

Во таа смисла тој зборувал и за ситуацијата во регионот на Западен Балкан и рекол дека стабилноста на овој дел од Европа, има витално значење за Алијансата и клучна за мирот и стабилноста на цела Европа.

Генералниот секретар на НАТО смета дека во последниве години регионот има постигнато многу позитивни резултати. Но, тој вели дека Западниот Балкан се уште има бројни предизвици со кои се соочува. Во тоа ги споменува организираниот криминал, невработеноста, незаконските економски активности.

Сепак, Столтенберг посебно укажува на РИЗИКОТ за регионот од „штетните примери на опасната реторика со која се нагласуваат етничките разлики”.

Важноста на Косово

За првиот човек на Северноатланската Алијанса – најбитни од се остануваат – развивањето на демократијата, владеењето на правото, реформирањето на државите (во регионот) и, пред се, ДОБРОСОСЕДСТВОТО се витални за Западен Балкан.
Јенс Столтенберг го посочува случајот со Косово и прекинатите српско-косовски преговори.

Тој смета дека за успешното завршување на целиот процес е витално да се продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, под капата на Брисел и Европската унија.

За Столтенберг, надминувањето на оваа криза е значајна, затоа што значи и релаксација на целиот регион, бидејќи таа е клучна за регионалниот мир и за стабилноста.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе