Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Вухан со корона уште во август 2019 година?

Aksana Kavaleuskaya/Bigstock.com

Вухан со корона уште во август 2019 година?

Низа сателитски снимки, направени над кинескиот град Вухан и пошироката област околу него, темелно се анализираат од еден истражувачки тим на американскиот Универзитет Харвард, за да се утврди дали епидемијата на коронавирусот избувнала многу порано, од времето што сега го посочуваат властите во Пекинг.

Сателитските снимки се направени рутински, при редовното кружење на вештачките сателити , опремени со моќни камери, околу земјината топка,  пред крајот на август 2019 година, додека Кина ја има известено Светската здравствена организација (СЗО) на самиот почеток на јануари годинава. Сега, меѓутоа, се знае дека првите знаци за вирусот биле регистрирани уште во декември, додека некои кинески лекари имаат забележано „ чудни симптоми“ кај пациенти во локалните болници веќе во почетокот на ноември, во минатата година.

Сателитски снимки

На снимките добиени од сателитите , според соопштението на научниците од Харвард – „ многу јасно е видливо се гледа“  силна раздвиженост „која се одвива во бранови“ пред болниците во градот Вухан. Експертите сметаат дека станува збор за невообичаена раздвиженост, која е многу поголема од онаа што е вообичаена пред градските болници, без разлика што во случајов станува збор за  град од десет милиони жители.

Таква раздвиженост на болничкиот персонал, на болнички возила навестува само постоење на некаков инцидент од широки размери. Во тоа време, колку што се знае нема информации дека овој град, или областа биле погодени од некаква несреќа за да постои „ голема раздвиженост во бранови“ пред болниците во градот.

Според тоа, претпоставка е дека таквата ситуација и тревогата во здравството, би требало да се врзе само за избувнувањето на епидемијата со коронавирусот, или пак, да се поврзе за (можниот) сериозен инцидент во некоја лабораторија во градот, што не бил воопшто соопштен.

Лабораториски инцидент?

Во Вухан постои истражувачки центар за вируси, каде се спроведуваат експерименти. Познато е дека Кина и нејзините научници настојуваат да откријат вакцина против Сидата и тоа го прават токму во вуханските лаборатории.

Една од претпоставките околу глобалната пандемија со коронавирусот, уште од времето  пред овие сателитски снимки е дека при ваквите експериментирања дошло до некаква хаварија во лабораторијата и до инцидент, по што вештачки произведениот вирус „ излегол надвор“ и потоа никако не можел да се стави под контрола. Еден од врвните француски вирусолози и нобеловец, прв објасни дека короната е лабораториски производ.

Скопје/Глобал го пренесе неговото мислење, зад кое застана најугледниот француски институт „ Пастер“ , во кое научникот не обвинува никого, но потсетува дека Кинезите најверојатно експериментирале со вирусите во настојувањето да дојдат до вакцина против Сида и тогаш нешто се случило.

Кашлица и дијареа

Научниците од Харвард врз основа на снимките кои продолжуваат да ги истражуваат сметаат дека „ најверојатно станува збор за избувнување на коронавирусот“ Особено што објаснуваат дека таквата  ситуација на тревога пред болниците на Вухан траела се до крајот на декември.

А, тоа е времето кога властите во Пекинг признаваат дека имале сознанија за појавата на  „новиот вирус“ .

Експертите на овој американски Универзитет снимките од сателитот ги споредуваат со бројната и засилена комуникација на он-лајн мрежата во реонот на Вухан , токму во периодот меѓу август и декември 2019 година. Во нив  има бројни повици, разговори и размена на информации околу „ раширени случаи на силно кашлање и на дијареа “ кај луѓето во градот и во регионот.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Свет

Горе