Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вонбрачните двојки под контрола во хотелите

AkintevS/BigStock.com

Вонбрачните двојки под контрола во хотелите

Од почетокот на јуни, хотелите во Русија се задолжени да ја известат санитарната инспекција (!) доколку кај нив, како гости, престојува вонбрачна двојка – јавува московскиот весник „Росискаја Газета“.

Не се соопштува кој донел ваква одлука и зашто таа воопто е донесена, освен што се посочува дека вакво барање, до хотелите има испратено самата инспекција (Роспотребнадзор). Весникот пишува дека управите на хотелите ќе мора да и дадат ДОКАЗИ на инспекцијата дека во нивниот објект – сите гости се во брак!

Нема објаснувае дали двојките кои ќе дојдат на спиење во некој хотел, ќе мора со себе да носат и венчален лист – за да се види дека се навистина во брак, или тоа ќе се утврдува според адресите на гостите. Но во секој случај рецепционерите ќе мора да ги имаат сите овие сознанија.

Всушност, новите правила, наложени од почетокот на јуни, налагаат во хотелските соби да може да има САМО ПО ЕДЕН  ГОСТИН, освен доколку не станува збор за членови на едно семејство.

Според „Росискаја Газета“ хотелите во секој случај ќе треба да даваат официјално објаснување – зашто во една од нивните соби престојува двојка – која не е во брак.

Весникот не се занимава со зашто била потребна ваква мерка на контрола – но, во Москва се смета дека причини за тоа може да има неколку – прекинување на илегалната проституција, заштита од пандемијата со коронавирусот и своевдна контрола на недозволените геј врски.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе