Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Путин го чува тунел за дезинфицирање

Пресс-служба Президента России, Vladimir Putin in Kommunarka hospital1, CC BY 3.0

Путин го чува тунел за дезинфицирање

Рускиот претседател Владимир Путин е заштитуван од инфицирањето со коронавирусот, со специјално направен тунел за дезинфекција – открива агенцијата РИА од Москва – објаснувајќи дека низ тунелот мора да поминат сите кои доаѓаат во посета, во резиденцијата во Ново Огарјево, што се наоѓа во околината на рускиот главен град.

Агенцијата има објавено и фотографија за тоа како изгледа и како функционира тунелот што го обезбедува претседателот на Русија. На фотографијата се гледаат луѓе со заштитни маски на лицата, како минуваат низ него, додека ги прскаат со некое средство за дезинфицирање.

Станува збор за „фин облак од течности што ја покрива облеката на луѓето и сите горни делови од телото кои се постојано изложени“ – објаснува оваа агенција.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, во април изјави дека сите кои одат кај Путин на посета и разговор, мора претходно да се тестираат на коронавирусот. Еден месец подоцна, Песков (и неговата сопруга) беа позитивни на корона и заболеа од Ковид-19.

Засега не се знае како оваа операција со специјалниот тунел ќе се изведува во текот на неговите средби (какви се најавуваат) што Путин ќе ги има со домашните и посебно со странските гости-  поканети државници од светот – за парадата што на 24 јуни треба да се одржи во Москва. Парадата беше предвидена за 9 мај, за денот на победата во Русија, но прво беше откажана, па потоа презакажана за овој датум.

Во Русија до сега  има над половина милион заразени и заболени од коронавирусот, што е најголема бројка во светот по САД и Бразил. Како починати се регистрирани 7300 пациенти. Многумина и во Русија, а и во светот не веруваат во податоците за смртноста од вирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе