Ленин во Германија
Една германска крајно-левичарска партија постави споменик на Владимир Илич Ленин, водачот на Октомвриската револуција од 1917 година, во царска Русија и лидер на болшевиците, во градот Гелзенкирхен, во западниот дел на Германија.
Маргиналната Марксистичко-ленинистичка партија (МЛПД), од типот на ултралевичарите во седумдесетите години на 20 век, постави споменик на Ленин пред зградата каде е сместено седиштето на оваа партија.
Локалните градски власти се обидувале да го спречат „ доаѓањето“ на Ленин во Гелзенкирхен, уверувајќи ја јавноста дека „ нема место за водачот на болшевичката револуциција“, но судот ја отфрлил забраната на градските „татковци“. Ленин на тој начин , се појави во Германија 31 година по падот на Берлинскиот ѕид и пропаѓањето на комунистичката, просоветска Источна Германија, сега со свој споменик на територијата на поранешната Западна Германија.
Во источниот дел на сега обединетата држава, сите споменици на Ленин и оние кои потсетуваа на времето на некогашната ГДР беа тргнати. Сега на тој простор расте и се одржува во источногреманската јавност ултра-десницата и крајнодесничарската идеологија, па ултра-левицата, иако крајно маргинализирана, изгледа дека има уточиште само на на Западот. Претставник на МЛПД изјавил за локалнте медиуми дека Ленин заслужува да има споменик, затоа што прв заговарал демократија и правда.
Ленин ја предводеше болшевичка Русија, по падот на режимот на царот Николај Романов, се до својат смрт во 1924 година. На лидерската функција го има заменето Сталин кој сурово и диктаторски го предводеше Советскиот Сојуз до март 1953 година, кога почина од мозочен удар.
Споменикот поставен во Гелзенкирхен, инаку е изработена во поранешна Чехословачка, уште во 1957 година. Неговото поставување во германската јавност веднаш беше ставено во рамките на општата дебата за статуите и спомениците на историски личности , која веќе е отворена во САД, како и во некои европски земји.