Поврзете се со нас

Skopje Global

„Незамисливо незрело и неодговорно“

Свет

„Незамисливо незрело и неодговорно“

sportsphotographer.eu/Bigstock.com

„Незамисливо незрело и неодговорно“

Веста од Белград дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, рекет број еден во светот, е заразен со коронавирусот, предизвика вистинска лавина реакции во медиумите во Европа и во светот, како меѓу професионалните тенисери така и меѓу неговите блиски пријатели.

Во најголем број реакциите се всушност критика и осуда кон Ѓоковиќ , како организатор на контроверзниот тениски турнир „ Адрија – тур“ низ три балкански држави ( Србија, Хрватска и БиХ) , што предизвика раширување на заразата (во Белград и во Задар) каде се одиграа два од трите турнира во оваа серија.

Критики кон Ѓоковиќ

Критиките кон српскиот тенисер му се упатуваат затоа што се одлучи на брзина и без почитување на задолжителните мерки за заштита од вирусот, да органзира три турнири. Со публика, без било каква заштита од пандемијата.

А, потоа, затоа што тоа го направи во  време кога тениската сезона е целосно запрена, кога се откажани и најпознатите светски турнири. Конечно,  таму каде и воопшто има спортски натпревари ( фудбал), се игра пред празни стадиони и без гледачи.

Ѓоковиќ и натаму ја брани идејата да се игра тенис во услови на глобална пандемија.

Таа, навистина, полека слабее, но  е далеку од тоа дека е победена насекаде, па и во неговата Србија (посебно во Белград), во Хрватска, како и во БиХ- каде требаше да се игра тенис, како да светот не е во тревога, поради над девет милиони заразени и без малку половина милиони починати низ целиот свет.

Најпознатите тенисери не дојдоа

Уште кога тој ја обелодени идејата да се игра тенис, без разлика на се, десетина светски играчи го предупредуваа да не ризикува и да прифати дека летово ќе помине без „ белиот спорт“- во интерес на здравјето на играчите и гледачите.

Сега се дознава дека некои познати имиња ја одбиле неговата покана, но десетина од АТП листата, меѓу кои Доминик Тим, Зверев и Григор Димитров, како и Марин Ќилиќ и Борна Ќориќ од Хрватска, се согласиле со идејата.

Излезе дека сите погрешија, а најмногу покренувачот на идејата и организатор Ѓоковиќ.

Поради турнирот со полни стадиони во Белград и во Задар, со публика во која никој не носи маска на лицето, како и со арогатното, незрело и комотно однесување на сите учесници од турнирот, кои уште се собрале на тениска журка, во ноќен клуб, на затворено, во Белград, правејќи го она што е забрането и со тамошните епидемиолошки стандарди.

„Врвните играчи треба да се за углед“

Таквото однесување е казнето со (досега) шестмина заразени со вирусот тенисери и тренери. Григор Димитров кој сега е во болница во Монте Карло, Борна Ќориќ, тренерите на Ѓоковиќ и Димитров, српскиот тенисер Виктор Троицки ( чија сопруга е бремена), како и првиот играч во светот Новак Ѓоковиќ. Заразени се и неговата сопруга, едно петгодишно дете во Задар ( неговите родители се дружеле со тенисерите) , како и една спортска новинарка од Загреб.

Бразилскиот тенисер Бруно Соареш за тамошните медиуми рекол- „Да се прави турнир, во вакви услови, сега, е незамисливо незрело и неодговорно“.

Британскиот тенисер Енди Мари, еднаш победник на Вимблдон, во изјава за „Тајмс“ го осудува Ѓоковиќ за организирањето на турнирот. „Играчите не може да прават што сакаат, она што ќе го помислат, ако веќе не може да се игра тенис од познатите причини“.

– Ова  на Новак не му требаше. Врвните спортисти во светот мора да внимаваат и да бидат пример за сите другите. За младите посебно. Во случајов ( со турниот на Ѓоковиќ) сите тие морале да се придржуваат на правилата ( тениски и епидемиолошки) кои се дадени и се познати.

Претходни предупредувања

Американецот Патрик Мекинро кој е заразен со коронавирусот, од крајот на мај и се лекува, рекол дека од печетокот бил против играње тенис, па и да е егзибиционен, предупредувајќи на ризикот од раширување на заразата.

Австралискиот тенисер Ник Киргиос, пак, познат по својот нескротлив  темпарамент и честата практика да прави инциденти на терените, им пожелува брзо оздравување на сите свои колеги- тенисери. Но, Австралиецот има испратено и посебна порака до сите нив.

„Немојте повеќе мене да ме нарекувате дека сум неодговорен и дека правам глупости“ – вели Киргиос. Тој уште на Твитер ја ставил и фотографијата од журката од белградскиот ноќен клуб, на која се гледа премногу отпуштената атмосфера во која учествуваат тројца од сега зарзните играчи.

На пораката со фотографијата, реагирала тенисерката Анастасија Павличикова, запишувајќи- Па, ова е откачена работа.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе