Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Стоунси ќе го тужат Трамп

Denis Makarenko/BigStock.com

Стоунси ќе го тужат Трамп

Членовите на легендарната британска група „Ролинг Стоунс“ му се заканија на американскиот претседател Доналд Трамп со тужба, затоа што (без согласност) ја користи нивната музика на своите партиски, предизборни митинзи – пишува списанието „Ролинг Стоун“.

Според весникот, последен пат една нивна песна – You Can’t Always Get What You Want – била постојано емитувана од партискиот штаб на претседателот, на митингот во градот Тулса.

Британските рокери се пожалиле дека Трамп и неговиот предизборен штаб, постојано користат нивна музика.

Тоа се случувало уште од изборната кампања во 2016 година и членовите на бендот уште од тогаш се спротивставуваат и бараат да се се престане со користењето на нивната музика. Но, како што изјавиле авторите на оваа песна и на  музиката на „Стоунси“ – Мик Џегер и Кит Ричардс – никој досега не реагирал на сите предупредувања.

Дури и на инаугурацијата на Доналд Трамп, во јануари 2017 година, неговиот партиско-изборен штаб ја пуштал нивната музика – хитот „Heart of Stone”.

Групата сега побарала интервенција од организацијата за изведувачки права БМИ која ги застапува интересите на над еден милион музичари и пејачи, за да интервенира со можна тужба за повреда на изведувачките права.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе