Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Во Кина откриен нов вирус на грип

Tzido/BigStock.com

Во Кина откриен нов вирус на грип

Нов вирус на грип е откриен во Кина и за него се вели дека доколку се развие би можел да предизвика пандемија.

Носител на овој вирус се свињите, но вирусолозите тврдат дека може да се заразат и луѓето.

Според стручните, медицински гласила кои први ја пренесуваат информацијата за постоењето на уште еден грип, истражувачите веќе се загрижени, затоа што новиот вирус може да мутира, па да почне лесно и брзо да се пренесува од човек, на човек и да создаде ситуација за нова пандемија.

Засега нема закана

Станува збор за нов вирус, па луѓето на него ќе имаат мал, или речиси никаков имунитет.

Тој, засега, не претставува закана, но експертите сметаат дека никако не би требало да се минимизира неговото постоење и потенцијалната опасност што може да се изроди. Имунолозите сугерираат дека треба да се одржува под постојан надзор и контрола за тоа како се однесува.

Она што експертите сметаат дека веднаш би требало да се направи, тоа е да изврши контрола кај свињите и внимателно да се следат работниците кои работат во свинската индустрија и врз преработката на ова месо.

Веста за новиот вирус за грип доаѓа во време кога светот никако не може да ја совлада глобалната пандемија на коронавирусот.

Иако е лето, а некои епидемиолози веруваа дека во текот на летните горештини епидемијата со Ковид-19 ќе ослабне, токму сега во Европа, во САД и на други локации, пандемијата како да добива на забрзување.

Сега не се знае дали е тоа продолжување на епидемијата, или станува збор за „вториот бран“ на коронавирусот.

Прилагодување на сегашната вакцина?

Последната епидемија со вирус, предизвикан од свињите е забележан во 2009 година. Овој „свински грип“ тргна од Мексико и беше помалку смртоносен, отколку што тоа на почетокот се претпоставуваше.

Тој вирус (познат како А/Х1 Н1) сега се покрива со годишна вакцина против грип, за да се заштитат луѓето и за да не се дозволи негово раширување.

Сега има (одново вирус од Кина) и експертите сметаат дека е сличен на свинскиот грип од 2009 година.

Новиот вирус има ознака – Г4 ЕА Х1 Н1. За него се вели дека може да се размножува во ќелиите на патиштата за дишење кај луѓето.

Во Кина се откриени траги од овој вирус кај вработените во кланиците во оваа земја и во погоните на раширената свинска индустрија.

Се смета дека сегашната вакцина против свински грип нема да може да заштитува од новооткриениот кинески вирус на грип, но дека, сепак, таа вакцина би можело да се прилагоди.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Здравје

Горе