Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Пукал за тргнато нацистичко знаме

Пукал за тргнато нацистичко знаме

Американецот Александер Фистер (44) од едно мало место во сојузната држава Оклахома е уапсен, откако пукал по 26 годишна жена која се обидела од пред неговиот двор да земе едно од двете истакнати нацистички знамиња.

Кога не успеала во тоа, жената почнала да бега, а сопственикот на куќата, кога ја здогледал, ја зел својата полуавтоматска пушка и пукал по неа. Ја погодил во грбот, па таа тешко ранета, со четири прострелни рани, останала да лежи покрај патот.

Интервенирала локалната полиција, која веднаш го уапсила Фистер. Тој е обвинет за насилнички, вооружен напад, со намера да убие. Мотивот на младата жена бил политички – не се согласувала со тоа да виси знаме со нацистичкиот кукаст крст.

Според локалните медиуми, жената не се познавала со напаѓачот и во тој дел од местото се нашла, затоа што била на забава во соседството. Лекарите сметаат дека таа и покрај тешките повреди ќе го преживее нападот.

Соседите изјавиле за медиумите дека нацистичките знамиња биле истакнати веќе една година. Тие рекле дека имало и порано обиди да се тргнат, од минувачи кои не го одобрувале нивното поставување, но дека ова било прв пат Фистер да употреби оружје и да пука по некого. Овој пат пукал и тоа без предупредување.

Соседите изјавиле дека тој е очигледен приврзаник на нацизмот, затоа што повремено се облекувал во црна, нацистичка униформа, ставајќи кукаст крст на еден од ракавите.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе