Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Меланија има предбрачен договор со Трамп

Melania Trump official portrait, CC BY 3.0 US

Меланија има предбрачен договор со Трамп

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп и прва дама на САД, Меланија Трамп има направено предбрачен договор со својот сопруг, што бил комплетиран во времето кога брачната двојка требаше да влезе во Белата куќа, во јануари 2017 година.

Во услови и ситуација кои и овозможиле на Меланија да го добие она што го сакала – а, тоа било обезбедување за себе и посебно за нејзиниот син, тогаш 11 годишниот Барон- тврди американската новинарка Мери Џордан во својата книга за сопругата на претседателот, објавена под наслов „Нејзината вештина за преговарање“.

Финансиско обезбедување за синот

Книгата е веќе во книжарниците и во неа авторката ја прикажува првата дама како „паметен стратег која знае што сака“.

Но, откако на страниците на „Вашингтон Пост“ каде Џордан работи како новинар-истражувач, почнаа да излегуваат детали од книгата, јавноста најмногу се има заинтересирано за откритието дека Меланија се спротивставила да влезе во Белата куќа со Трамп како новата прва дама.

Џордан тврди дека дури во јуни таа година, Меланија била подготвена да ја преземе должноста што и следи како сопруга на претседател на САД, со свое место во претседателскиот кабинет.

А, тоа се случило откако – користејќи ја ситуацијата, што е сопруга на американски претседател – обезбедила подобри услови (во предбрачниот договор) за себе и синот.

Целта била, Барон во иднина да ги има истите права какви ги имаат и децата на Трамп од неговиот брак со претходната сопруга Иванка.

Белата куќа веднаш реагираше на својот веќе добро препознатлив стил – со негирање и отфрлање на она што го открива книгата. „Сето тоа е измислување од авторката, која се повикува на непотврдени информации и на погрешни извори“- има изјавено еден од порт-паролите на американскиот претседател.

Новинар-истражувач

Џордан, меѓутоа, е познато новинарско име во САД. Не само затоа што работи во една угледна редакција, каква е „Вашингтон Пост“, туку и затоа што важи за вешт истражувач и затоа што е добитник и на Пулицеровата награда.

Таа има разговарано со 120 лица при правењето на книгата, меѓу кои и со политички личности, како гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи, со луѓе блиски до сегашната администрација, со луѓе од светот на модата на кои Меланија му припаѓала, пред да се запознае со Доналд Трамп, на една забава, во 1998 година, па дури и со самиот претседател, нејзиниот сопруг.

Новинарката разговарала и со словенечки автори преку кои има обезбедено сознанија и за времето додека таа има живеено во Словенија како Меланија Кнавс, во тогашна Југославија.

Родена е во 1970 година, во Ново Место, како што стои во книгата, иако словенечки автори сметаат дека потекнува од многу помало место во неговата околина.

Насловот на книгата за Меланија претставува алузија на една книга за Трамп, издадена уште во 1987 година, заглавена како – „Вештината на преговарањето“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе