Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Монета со Елтон Џон

Denis Makarenko/BigStock.com & Royal Mint

Монета со Елтон Џон

Британската поп ѕвезда, легендарен пејач и композитор Елтон Џон, доби сопствена монета – метална паричка со неговиот лик, што ја издаде британската Кралска ковачница за пари. Елтон на паричката се појавува со своите познати очила и со препознатливиот шешир.

„Секако, голема чест е да се добие признание во еден ваков облик“ – изјавил Елтон Џон за лондонските медиуми.

За својот голем придонес за британската популарна музика, но и за својата голема хуманитарна ангажираност во глобалната борба со ХИВ-Сидата, веќе од порано е одликува од британската кралица со титулата витез и тој службено од тогаш е сер Елтон.

Неговата фондација за борбата со Сидата, создадена уште во 1992 година, до сега има донирано близу 500 милиони долари.

Управата на ковачницата соопшти дека Елтон Џон апсолутно заслужува едно вакво признание. „Тој е еден од британските и не само британски музички легенди и еден од најуспешните автори и пејачи од својата генерација“ – има изјавено директорката на ковачницата Клер Мекленин.

Елтон (73) досега има продадено над 300 милиони албуми со своја музика. Тој е вториот од светот на британската поп и рок музика кој има добиено монета со својот лик. Пред него, во јануари оваа година, таа чест им припадна на членовите на групата „Квин“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе