Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина композиторот Енио Мориконе

Starfrenzy/BigStock.com

Почина композиторот Енио Мориконе

Прославениот италијански композитор на филмска музика и оскаровец, Енио Мориконе почина, во Рим, од последиците на сериозните повреди што ги има здобиено откако несреќно паднал во својот дом, минатата недела. Имаше 92 година.

Мориконе се смета за еден од најголемите, најплодните и највлијателните композитори на филмска музика во 20 век. Има напишано музика за над 500 филмови.

„Шпагети вестерн” филмови

Најпозната за најшироката филмска и музичка публика се филмовите на италијанскиот режисер Серџо Леоне, во доцните шеесетти години на 20 век, познати како „шпагети вестерн“ за кои Мориконе ја има направено музиката.

Тоа се филмовите „Добриот, грдиот и лошиот“, „За грст долари“, како и „За еден долар повеќе“, во кои како главен актер се појавува Клинт Иствуд, кој од тогаш ја има започнато својата долга кариера како актер, а потоа и како успешен филмски режисер.

Но, Леоне и Мориконе заедно работеа и во два други филма – кои сега се прогласени за ремек-дела на италијанскиот режисер – „Беше еднаш на Дивиот Запад“, како и филмот „Беше еднаш во Америка“, во кои останува незаборавна и музиката што ја има направено композиторот Мориконе.

Другари од основно со Леоне

Тој дури пет пати беше номиниран за наградата Оскар, за најдобра филмска музика, но наградата на Американската филмска академија ја има добиено со почесниот Оскар за неговата вкупна работа на филмот- во 2007 година. За оваа награда Мориконе, претходно, има конкурирано со музиката за филмовите „Мисија“, „Недопирливите“, „Багзи“, „Синема Парадизо“ и за „Малена“.

Тој има работено и со режисери како Брајан де Палма, Бари Левинсон, или Џузепе Тарантри, како и со цела низ италијански режисери. Но одби да ја прави музиката на оскаровски наградениот филм „Неопростено“ (на тема на Дивиот Запад) на Клинт Иствуд, каде тој е и актер и режисер.

Мориконе го има одбиено Иствуд со објаснување дека тоа го направил од почит кон Серџо Леоне, со кого, рекол, дека не биле само соработници во филмовите, туку и другари. Малку е познато дека Мориконе и Леоне биле соученици уште од основното училиште.

Икона на филмската музика

Добитник, меѓудругите, е и на две награди „Греми“, потоа на два пати со наградата „Златен Глобус“, како и пет пати со британската филмска награда „Бафта“. За него, сите филмски критичари се согласуваат дека „Мориконе, всушност, го има изменето звукот на филмот, звукот на киното воопшто“.

Неговите помлади колеги во светот на филмската музика – Жан Мишел Жар и Ханс Зимер, му оддаваат голема почит на Италијанецот, нарекувајќи го како „единствен феномен“ и како „икона на филмската музика“.

Енио Мориконе е роден во Рим, во 1928 година. Како млад, во светот на музиката има навлезено како џез-трубач.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе