Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Корона се пренесува и низ воздухот!

tampatra/BigStock.com

Корона се пренесува и низ воздухот!

Постојат докази дека коронавирусот се пренесува и низ воздухот – потврди Светската здравствена организација (СЗО), иако ваквата можност сега се испитува многу повеќе отколку до сега.

Епидемиолозите досега уверуваа дека вирусот и болеста Ковид-19 се пренесуваат од човек, на човек при блиски средби, како и при директни контакти на заразено лице со здрави луѓе.

Беше утврдено и дека вирусот останува на некои материјали подолго, а кај други пократко, но ова е прв пат СЗО да укаже на можноста заразата да се пренесува и низ воздухот.

Нови докази

„Сега има докази за ваквата можност, а тоа не тера сите да бидеме максимално отворени и подготвени за новата ситуација и за можните импликации.

Веќе не може да се исклучи можноста од пренесување преку воздухот, на јавни места, особено ако се преполни со луѓе“ – изјави за медиумите високиот функционер на СЗО, Бенедета Алегранци.

Таа ја истакнува потребата од проветрување на јавните простории и на одржување на неопходна дистанца (од два метри), како и задолжително носење маски за лицето.

Ваквата изјава на СЗО доаѓа по предупредувањето на над 200 експерти и епидемиолози од разни земји кои укажале дека корона, сепак, може да се пренесува и преку воздухот. Тие го имаат повикано СЗО, но и медицинскиот персонал низ земјите во светот да обратат внимание на оваа можност која се јавува како нова закана.

Нема смирување

Светската здравствена организација досега беше критикувана од разни експерти дека задоцнето предупреди на потребата да се носат маски во затворени простории и секаде каде има повеќе луѓе.

Сега СЗО се критикува и затоа што не предупредува на можноста за раширување на епидемијата и низ воздухот.

Ова предупредување доаѓа во време кога епидемијата не само што не покажува смирување, туку во низа земји и цели региони покажува забрзано (повторно) раширување.

Не може да се каже дека пандемијата го има достигнато пикот, иако е забележливо смирување на растот на смртност на глобално ниво – без разлика што некаде е видливо намалена, додека во други средини и земји има регистрирано зголемување.

…изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхам Гебрејесус.

Околу 12 милиони луѓе се службено регистрирани како заразени од коронавирусот. Досега починаа над 545 илјади во целиот свет. Има и многу деца, но според констатациите на лекарите, кај нив заболувањето е во далеку поблага форма.

Заразата вратена во Словенија и во регионот

Во нашиот регион, пандемијата се има вратено во силен обем, иако не се знае дали станува збор за засилување на вирусот, или пак за втор бран од епидемијата.

Во Словенија, која прогласи дека ја има победено заразата, коронвиирусот се вратил со забрзан ритам и со секојдневно зголемување на бројот на новозаразени. Тамошните власти тврдат дека овој сегашен бран бил „внесен од надвор“, но така или не, Словенија во последните 14 денови има процент на новозаразени од 10 на 100 илјади жители.

Во Љубљана се размислува за повторно воведување на ограничување на собирањата на јавни места, па дури се сугерира и да не се патува во соседна Хрватска, ако тоа не е потребно.

Самата Хрватска која се отвори за туризмот, сепак, се соочува со забрзан раст на новозаразени од контроверзниот тениски турнир со публика во Задар, но се признав дека тоа не е единствениот извор за новата здравствена криза.

И во Загреб се на мислење дека треба да се затвори границата со БиХ и со Србија.

А, таму последните денови ситуацијата има добиено алармантни димензии.

Грција одлучи да забрани влез за туристи од Србија, откако избувна силно жариште во Санџак и реонот на Нови Пазар, за која независни извори тврдат дека никој и не знае каква е вистинската состојба.

На ниво на земјата се регистрирани 300 дневно новозаразени и смртност од 13 пациенти во еден ден – па се одлучи да се врати забраната на собирање на јавни места (од 8 јули), како и полицискиот час (од 10 јули).

Насилни немири во Белград

Тоа предизвика гневна реакција и насилни протести во Белград и во Нови Сад, со упад во зградата на Парламентот и брутална реакција на полицијата.

Според извештаите од српскиот главен град, луѓето најмногу се гневни дека јавноста со месеци била лажена за вистинските бројки околу бројот на заразените и починатите, како и дека била сокривана вистинската ситуација.

Јавноста е посебно револтирана што властите имаат организирано изборни веселби по одржаните избори.

Но и затоа што беше дозволен фудбалски натпревар со 25 илјади гледачи и тениски турнир со седум илјади посетители, без никаква заштита на присутните и (веројатно) без согласност на епидемиолозите. Јавноста е гневна што сега одново се воведува полициски час, а беа дозволени журки и собирања по ноќните клубови и рестораните и беше создадена атмосфера како епидемијата да е помината.

Во таква ситуација се најде и малечката Црна Гора, која уште на 2 јуни има прогласено победа врз вирусот. Сега се признава дека епидемијата е вратена и тоа во неколку градови на северот, на границата со Србија, во реонот на Санџак.

Од моментот кога е прогласена „победата“ во Црна Гора има 883 новозаразени и осуммина ново починати.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе