Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кина во „лов на лисици“ во САД

stargazer84/BigStock.com

Кина во „лов на лисици“ во САД

Директорот на американскиот Федерално биро за истрага (ФБИ), Кристофер Фреј изјави дека Кина има покренато операција со која настојува да ги открие Кинезите кои живеат и работат во странство, а посебно оние во САД, присилувајќи ги да се вратат во татковината.

Станува збор за операцијата под кодирано име „Лов на лисици“ со која, според директорот Фреј, раководел лично кинескиот претседател Си Џинпинг.

Цел на оваа операција се Кинезите кои не живеат во Кина, а властите во Пекинг ги третираат како „закана за државата“.

Прогонување на дисидентите

Тоа, во секој случај, се политички противници на власта, дисиденти на режимот и гласни критичари на Пекинг, кои изнесуваат детали за кршење на човековите права во Кина. Тамошните власти сега сакаат сите нив, насила, да ги префрлат на територијата на Кина, за да ги вратат дома, иако тие тоа не го сакаат.

…рекол првиот човек на ФБИ.

Според неговото објаснување, кога нема да успеат да ги лоцираат оние кои се опфатени со оваа операција, во „ловот на лисиците“, кинеската влада испраќа специјални емисари кои имаат задача да ги посетуваат членовите на семејствата на оние кои се ловат на територијата на САД.

На семејствата, емисарите не им оставаат никаков избор освен пораката – или да се вратат во Кина, веднаш, или пак да се самоубијат!

Директорот Фреј ги повикал сите Кинези кои ќе бидат посетени од емисарите на Пекинг, веднаш за тоа да го известат ФБИ.

Кинеските власти, пак, не се обидуваат да демантираат дека постои една ваква операција. Тие уште сметаат дека таа е „сосема легална“, но не ја прикажуваат како пресметка со дисидентите и критичарите на власт, туку борба на владата во Пекинг со корупцијата.

Закана за САД

Кристофер Фреј имал предавање во американскиот институт Хадсон, во Вашингтон, во кој зборувал за американско-кинеските односи, но многу повеќе за позиционирањето на Кина во глобални рамки и односот на официјален Пекинг кон Америка.

Директорот на ФБИ при тоа има речено дека Кина „претставува најголемата долгорочна закана за иднината на САД“. Според неговото толкување, Пекинг работи на тоа да стане единствената светска супер сила и тоа, по секоја цена.

Притоа биле споменати низа кинески методи, како економската шпионажа, крадењето податоци, како и нелегалните политички активности, користејќи го митото и уцените.

„Дојдовме во ситуација кога ФБИ, на секои десет часови, отвора нов случај на контра-разузнавање, поврзан со дејствувањето на Кина. Од во моментот активирани пет илјади случаи во кои е вклучено американското контра-разузнавање, дури половината се поврзани со кинеското дејствување“ – рекол директорот на ФБИ.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе