Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Дополнителни средства за Западен Балкан

ilolab/BigStock.com

Дополнителни средства за Западен Балкан

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Европската Унија ја зголемија својата поддршка за малите и за средните фирми на Западен Балкан.

ЕБРД ќе обезбеди 70 милиони евра во нови кредитни линии за партнерско финансирање на институциите кои ги кредитираат локалните фирми.

Овие средства се однесуваат за фирми во Република Северна Македонија, во Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија и во Косово.

ЕУ, пак, ќе обезбеди дополнителни 15 милиони евра за идентификација и за верификација на најдобрата опрема и технологија со која се располага, за да може малите и средните фирми во регионот да ја зголемат својата конкурентност и за да може да се приклучат на преминувањето во т.н. зелена економија.

Хрватска и Бугарија во предворјето на еврозоната

Хрватска и Бугарија се примени во механизмот на т.н. Европска берза 2 (ЕРМ-2) која се означува како претходна фаза кон усвојувањето на еврото во овие две балкански држави- членки на ЕУ.

Експерти објаснуваат дека со ова е отворен патот кон прво проширување на еврозоната  после 2015 година, кога во зоната на заедничката европска валута беше примена Литванија.

Кога една земја-кандидат се најде во ЕРМ-2, во тој механизам останува  околу две години, пред да  започне со практичните подготовки за приклучување на еврозоната, што обично, исто така, трае уште најмногу две години.
Се верува дека Хрватска и Бугарија ќе станат дел зоната на еврото во 2023 година.

Елон Маск го надмина Бафет

Вредноста на вкупниот имот на Елон Маск ја надмина вредноста на Ворен Бафет, па така извршниот директор на „Тесла“ стана седмиот најбогат човек во светот – покажува индексот на милијардерите на „Блумберг“.

Богатството на Маск сега изнесува 6,07 милијарди долари, откако вредноста на акциите на овој производител на електрични автомобили се зголемија за 10,8 отсто.

Вредноста на вкупниот имот на Бафет, пак, се намалила во текот на минатата недела, кога во хуманитарни цели тој ги има донирано акциите на конгломератот „Беркшајар Хатавеј“ во вредност од 2,9 милијарди долари, на четири хуманитарни организации, како и на фондацијата  н Бил и Мелинда Гејтс.

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос останува најбогатиот човек во светот со 179 милијарди долари, додека коосновачот на „Мајкрософт“ – Бил Гејтс е втор, со 116 милијарди долари.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе