Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Неовајс“ минува покрај Земјата

"Comet NEOWISE Close Up" (CC BY 2.0) by HypatiaPhoto

„Неовајс“ минува покрај Земјата

Кометата „Неовајс“ – најсветлата што е видлива на северната хемисфера по 25 години – веќе поминала низ орбитата на Меркур пред една недела, каде близината на Сонцето предизвикало трагата што ја остава нејзината опашка да биде подолга – објаснуваат научниците.

Сега „Неовајс“е на пат кон Земјата, каде најблиску до нашата Планета ќе биде за околу две недели.

НАСА ја има откриено кометата во март. За нејзиното јадро се вели дека е прекриено со некаков зачаден материјал за кој се верува дека потекнува од пред 4,6 милијарди години.

Научниците имаат пресметано дека пречникот на кометата изнесува околу пет километри.

За да може одново да се гледа од површината на Земјата, ќе бидат потребни седум илјади години!

Во НАСА шеговите забележуваат дека, затоа, не би требало да се чека на следната прилика за нејзиното повторно појавување, доколку некои сакаат да ја посматраат.

Последен пат една ваква светла комета поминала покрај Земјата во средината на деведесетите години на 20 век. Видлива со голо око „Неовајс“ може да биде на сосема мрачно небо, без никакво светло.

За да се види и опашката на кометата треба да се има двоглед, објаснуваат луѓето од НАСА.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе