Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Почина Американец кој не верувал за Ковид

Почина Американец кој не верувал за Ковид

Еден Американец од Тексас, стар 30 години, починал од последиците предизвикани од коронавирусот, откако претходно, една ноќ поминал со друштво на т.н, корона журка. Забавата, инаку, ја организирало лице кое веќе БИЛО ЗАРАЗЕНО со вирусот – соопштиле тексашките медицински власти.

Трагичниот случај е искористен одново да се предупреди на големиот ризик што вирусот и болеста Ковид-19,  ги имаат токму  за младите.

Претставник на болницата во градот Сан Антонио изјавил дека младиот човек бил „убеден дека Ковид не постои и дека е дел од некаков голем заговор“.

Станува збор за приказната која од почетокот на глобалната пандемија ја „продаваат“ на интеренет ултра-десничарите и конзервативците, како и голем број од симпатизерите и подржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Има случаи и тие веќе не се малку во Тексас, но и низ САД, откако некому ќе му биде откриено дека е заразен со коронавирусот,  тој, потоа, да организира забава- журка,  за да се види дали, навистина, може со своите гости да ја сподели заразата“ – им откриле на медиумите во Тексас тамошните лекари.

Персоналот на болницата каде починал младиот човек откриваат дека најтажното во целата оваа приказна е што човекот, непосредно пред да умре, и признал на медицинската сестра која го негувала дека МНОГУ ПОГРЕШИЛ  што верувал оти вирусот е само обична измислица.

Лекарите објаснуваат дека погрешил и што верувал дека како млад,  не може да се зарази.

„Овој случај  може да биде уште една поука за младите луѓе кои и понатаму не разбираат колку можат да бидат болни, иако  немаат  тешки симптоми. Но, кога ќе им се измери нивото на кислород во крвта и ќе им се направат сите лабораториски тестови, дури тогаш почнуваат да веруваат колку многу се болни. За жал, тогаш , најчесто е многу доцна“ – објаснуваат лекарите од Сан Антонио, во Тексас.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе