Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Тајна“ венчавка на принцезата Беатрис

Minerva97, Princess Beatrice Elizabeth Mary of York 2018 (01), CC BY 2.0

„Тајна“ венчавка на принцезата Беатрис

Британската принцеза Беатрис и италијанскиот богат бизнисмен и аристократ Едуардо Мапели Моца, се венчаа во околината на Лондон, на „тајна“ церемонија на која присуствувале само нејзината баба, кралицата Елизабета, со својот сопруг, принцот Филип (99), како и таткото на невестата, принцот Ендрју.

На оваа венчавка што требаше да биде кралевска, но тоа не беше можно поради пандемијата со коронавирусот, биле присутни само 20 гости. Сите гости на свадбата, според сознанијата на лондонските медиуми, биле на дозволената дистанца од два метри, еден од друг.

Младата брачна двојка се венчала во малата црква во паркот, во замокот-дворец во Виндзор, каде во сегашните услови на се уште раширената пандемија, престојува британската кралица.

Беатрис (31) е внука на кралицата и постара ќерка од бракот на принцот Ендрју, вториот син на британскиот суверен, со Сара Фергусон, војвотката од Јорк. Бракот на нејзините родители од поодамна е разведен.

Венчавката на Беатрис беше на два пати одлагана. Прво, поради скандалот во кој е вмешан нејзиниот татко, поради блиските врски со осудениот американски педофил и милијардер Џефри Епстајн, кој во меѓувреме се самоуби, во затворот во Њујорк, а потоа и поради силната пандемија со која беше зафатена Британија, од која до сега се починати над 45 илјади лица.

Блиски пријатели на невестата изјавиле за лондонските таблоиди дека Беатрис не сакала повеќе да се одлага нејзината венчавка со Моца, но дека прифатила една ваква „скриена“ од јавноста свадба, само за да може на неа да присуствуваат нејзините баба и дедо. Младенците се заедно од есента 2018 година. Свршувачката беше објавена во септември 2019.

Беатрис, принцезата од Јорк, е осмиот во редот на претендентите на британскиот престол. Преку својот сопруг и неговото семејство, таа сега ја наследува и италијанската благородничка титула Дона Нобиле (Контеса).

Сопругот Едуардо Моца (37) еднаш веќе бил женет и има син од тој брак.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе