Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Гзавие Бетел: ЕУ не е драгстор!

ilolab/BigStock.com

Гзавие Бетел: ЕУ не е драгстор!

Премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел изјави во Брисел дека Европската Унија, не е некаков драгстор во кој ќе влезеш и ќе одбереш  да земеш што ти треба. И со тоа си ги задоволил своите потреби.

Вака Бетел го има прокоментирано однесувањето на некои од земјите членки на ЕУ, на Самитот на кој неколку денови се дебатира за идниот буџет на Унијата, „тежок“ 1100 милијарди евра, но повеќе и за понудениот пакет мерки за санација на економијата на ЕУ, тешко погодена од глобалната пандемија со коронавирусот.

Европската комисија претходно предложи фонд од 750 милијарди евра – од кои 500 во форма на грантови за најпогодените, додека другите 250 милијарди треба да се доделуваат во вид на поволни зајмови.

Пари за правна држава

Во расправата, меѓутоа, имало големо разногласие и (одново) несогласување на членките од Западот, со некои од Истокот на Унијата. Пред се, околу противењето на оние од Источна Европа, средствата од фондот за санација на земјите членки, да се УСЛОВАТ со почитувањето на владеењето на правото, на независноста на судовите и на слободата на изразување (медиуми и НВО), меѓу другите.

А, тоа е работа која ЕУ им ја замера на Унгарија, пред се, како и на Полска. Двете земји и на овој Самит се противат на едно такво решение, за кое инаку се зборува во Брисел откако овие две источноевропски земји се судрија со другите во ЕУ.

Судирањата настанаа кога  стана јасно дека  законите што се носат во Будимпешта и во Варшава, се во директна спротивност со европската законска регулатива и со нормите и прописите на ЕУ.

Одбрана на вредностите на ЕУ

Затоа луксембуршкиот премиер вели дека е „жалосно што и во 2020 година, се уште мора да се потсетува (во ЕУ) дека Унијата има правни одредби и свои вредности, што никој кој е член на ЕУ не може да ги доведува во прашање”.

Бетел уште предупредува и на тоа дека отсуството на солидарноста меѓу земјите-членки, како и евентуалното пропаѓање на некоја од нив, би можела сите да ги погоди.

Како и да е, премиерот на Луксембург инсистира на тоа дека вредностите на ЕУ, мора постојано да се бранат, како што е тоа случај и со мирот во Европа за кој Бетел вели дека мора исто така постојано да се обезбедува и чува.

Тоа за него е важно и  се има покажано како исправно, со војната во екс Југославија, во деведесетите години на 20 век, што избувна кога сите меислеа дека повече нема војни на тлото на Европа.

Според тоа, не може од членството во Унијата да се зема само она што некому му одговара (најчесто парите), а да при тоа, не се дава ништо.

Посебно непочитување на солидарноста, како и не функционирањето според стандардите и законите на ЕУ, за кои е земена обврска да се применуваат и почитуваат уште во преговарачкиот процес и при влезот во Унијата.

Со европски пари контра Европа

Таквото однесување, за Луксембуржанецот наликува како на одење во драгстор, или во некоја маалска продавница, каде си одбираш (купуваш) само она што за дома е потребно.

Земјите од Источна Европа, многу често, последниве пет-шест години се однесуваат токму така.

Колку за потсетување,  за своите први 15 години во ЕУ, од фондовите за развој на Унијата, имаат добиено 375 милијарди евра. Само Полска има добиено 135 милијарди.

Во Брисел се смета дека со европските пари, владата во Варшава, на пример, го финансира антиевропското однесување и конзервативизмот во земјата.

Унгарија, пак, со европските пари целосно го има изменето својот некогашен комунистички имиџ и советски модел во економијата и во уредувањето на општеството, но нејзиниот министер за надворешни работи, при последната посета на Скопје, отиде до таму –  во Македонија да продава евроскептицизам, порачувајќи – „ЕУ не е тоа што се мисли“!?

Само затоа што Унгарија е на добар пат да стане првата диктаторска членка на Унијата – како што тоа го проценуваат независни унгарски аналитичари.

(Б.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе