Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Тачи: Хаг нема да му попречи на Косово

Koch / MSC, Hashim Thaçi MSC 2018 (cropped), CC BY-SA 3.0 DE

Тачи: Хаг нема да му попречи на Косово

Косовскиот претседател Хачим Тачи изјави дека обвинувањата за воени злосторства против него (и уште неколкумина), нема да и попречат на иднината на Косово. Тој ги има повикано сите политички партии да се обединат и да застанат зад преговарачкиот процес, за нормализација на односите со соседна Србија.

Изјавата е дадена по враќањето на Тачи од Хаг, каде четири денови бил испрашуван од обвинителите на Специјалниот меѓународен суд за воени злосторства, извршени на територијата на Косово, за време на воените судирања во текот на 1998 и 1999 година.

Тачи во тоа време беше командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), во нејзината, како што тоа време сега се опишува во косовската јавност – борбата за независност на земјата од Србија.

Обвинувања за воени злосторства

Во воените судирања се смета дека загинале десет илјади лица, далеку најмногу локални етнички Албанци. За 1611 лица се уште не се нивната судбина.

Воените судирања завршија во 1998 година, после интервенцијата на силите на НАТО врз единиците на српската војска и нивните спацијални сили.

Косово во кое големо мнозинство, од 95 отсто, живеат косовски Албанци, во февруари 2008 година, прогласи независност. Владата во Белград одби да ја прифати независноста во оваа поранешна југословенска (и српска) покраина, а сите српски политички елити од тогаш стојата на позицијата дека Србија „никогаш нема да го прифати“ отцепувањето.

Обвинителството во Хаг ги сомничи Хашим Тачи, како и поранешниот претседател на косовскиот Парламент Кадри Весели и уште неколкумина (засега неидентификувани лица)  за злосторства извршени против хуманоста, за воени злосторства, за убиства, исчезнување на лица и за спроведување тортура.

По враќањето од Хаг, Тачи има изјавено дека тој не се плаши за себе од обвинувањата со кои се соочува и дека во текот на сослушувањето ги известил обвинителите за се што тие барале од него за воените времиња  од пред 22 години.

Повлекување од политиката

Соопштението за тоа дека против косовскиот претседател е подготвено обвинување од обвинителството во Хаг, се појави на 24 јуни, непосредно пред состанокот во Белата куќа во Вашингтон, меѓу него и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, што требаше да значи враќање на политичарите од двете земји во преговорачкиот процес, што инаку е запрен две години.

Тачи тогаш соопшти дека нема да патува за САД, а дека наместо тоа ќе оди во Хаг, за да биде сослушуван.

Во изминатите две години без формални преговори, Тачи и Вучиќ не сокриваа дека „зад сцената“ се преговара и за размена на територии, како едно од решенијата за косовската криза. Косовскиот претседател беше осудуван во поголемиот дел од тамошната јавност, за „недозволиво откажување од територијата“ на државата.

Неговите позиции во косовската политика и пред оваа се означуваа како слаби, а сега со обвинувањата од Хаг, се смета дека Тачи веќе е „политички мртов“. Изгледа дека и тој самиот тоа го има утврдено, па веќе објави дека по завршувањето на сегашниот мандат, ќе се повлече целосно од политиката.

Некои локални аналитичари таквото решение го оценуваат како своевидно признание на Тачи за постоењето вина за времето на воените судирања, на крајот од деведесетите години на 20 век.

(П.К.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе