Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Дуа Липа „пее“ национализам

Starfrenzy/BigStock.com

Дуа Липа „пее“ национализам

Британската поп ѕвезда Дуа Липа (две награди Греми и трипати Брит Авордс) која е родена во Британија од родители , бегалци од Косово, неочекувано „ запеа“ некои стари, излитени (албански) националистички „песни“ кои не само што нема да и донесат прво место на топ-листите, туку оваа млада девојка (24) ќе ја претворат во инструмент на балканскте нациналистички, политички игри.

Липа предизвика гневна реакција на интернет , откако го подржа екстремниот албански национализам, постирајќи карта на Албанија, со Косово и делови од другите балкански држави, прифаќајки дека целата таа територија е Албанија.

Зад „Голема Албанија“

Ваквиот нејзин гест има предизвикано спротивставени реакции- од силна подршка, до остра осуда- како и изненадување и разочарување од британскта музичка јавност , која не сака мешање на екстремната политика во поп музиката.

Дуа Липа, се обвинува за потикнување на албанскиот национализам, затоа што ја има постирано картата на „Голема Албанија“ која од секогаш потикнувала на национализам и сепаратизам. Ваквата идеја од порано има создавано политички проблеми, меѓусебна недоверба и нетрпеливост меѓу луѓето во целиот регион на Југоисточна Европа.

А, сегашната расправија е покрената околу статусот на Косово кое од 2008 година е независна држава. Таа е признанена од САД, од ЕУ (без пет земји-членки), но на тоа остро се спротивставуваат Србија, како и нејзините сојузници- Русија и Кина.

Дуа Липа, всушност, реагирала на Он-лајн петицијата против компанјата Apple  , на чии карти на интернет го нема  Косово, како независна држава.

Картата на Apple

Таа подоцна, се обидувала да се одбрани пред јавноста и кај  почитувачите на нејзината музика, уверувајќи дека таа е против етничкиот сепаратизам и дека нејзиниот пост не треба да се гледа како покренување омраза.

Но, албанскиот национализам, во неговата долга битка со Србите и со Србија, стои на позицијата дека Албанците на овој простор биле населени и пред Србите (Словените) и дека Косово е дел од „ нивната “ територија.

Ваквата албанска  реакција се прикажува и како одговор на екстремниот српски национализам, кој пак инсистира дека Косово (и Метохија) од секогаш се дел на српската држава.

Подршка од Рита Ора

Дуа Липа, на тој начин , се вплетка во водите на екстремниот национализам во кои се „пеат“ некои други песни, а не хитовите што ја направија оваа Британка од косовско потекло популарна и меѓу младите во Србија и во целиот регион , за кој сега (и таа) излегува дека смета оти е „албански“.

Подршка од луѓето во светот на музиката, Липа има добиено само од Рита Ора (родена во Приштина) која од порано е позната како подржувач на албанскиот нациоализам. На пример, во една прилика таа се има снимано завиткана во знамето на Република Албанија.

Но, за Липа се знае дека таа како средношколка била испратена од родителите неколку месеци да престојува во Косово- за да го научи добро албанскиот јазик.

Конечно, идејата за „Голема Албанија“ е вештачки надуена- затоа што самата држава Албанија постои само стотина години, како резултат на Балканските војни, за да би можела да продуцира и промовира некаква историска големина , која зафаќа делови и од други држави во регионот.

Липа, меѓутоа, не е сама во своето националистичко пеење. Двајца спортисти , пред неа, пропеаја во тој стил, создавајќи исто така нервоза како и истапувањето на Дуа.

Нојер и Ѓоковиќ

Едниот е познатиот германски фудбалер (голман) Мануел Нојер кој за време на одморот во Хрватска, пеел со своите домаќини хрватски националистички песни, кои заговараат дека делови од територијата на БиХ се составен дел на државната територија на Хрватска.

Другиот, пак,  е светскиот тениски рекет број еден – Новак Ѓоковиќ кој е снимен како пее српски, националистички песни кои ги иритираат соседите на Србија.

Тој во последно време постојано зборува дека е горд што бил Србин ( како што тоа овој пат го прави и Дуа Липа) , па дури еднаш таа своја гордост ја има покажано,  снимен под билбордот, поставен во Белград со благодарност за „братот Си“ (кинескиот претседател) за помошта од Кина за корона пандемијата.

И уште – Ѓоковиќ минатата недела прими орден од Република Српска- српски ентитет во БиХ –  која и не може може да доделува ордени, затоа што не е независн држава.

(С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе