Поврзете се со нас

Skopje Global

Судење за корона криминал

Брифинг/Weekly

Судење за корона криминал

HT-Pix/BigStock.com

Судење за корона криминал

Една жена од австрискиот град Клагенфурт е изведена на судење за тешко прекршување на мерките против ширење на коронавирусот.

Жената чиј идентитет засега не се открива, е обвинета затоа што излегла од дома и била во локалната пошта, иако била заболена од Ковид-19.

Таа комуницирала со луѓето во поштата, како и со други лица со кои се среќавала, а на себе немала ниту маска на лицето, што во времето на инцидентот било задолжително во Австрија.

Нема сознанија за тоа зашто жената се однесувала на овој начин и дали зад тоа има намера. Но, со својот гест, таа сепак, свесно има доведено во опасност голем број граѓани, ризикувајќи голем број од нив да бидат заразени со вирусот.

Според австриските медиуми, станува збор за случај без преседан во оваа земја, Доколку биде прогласена за виновна, жената може да добие затворска казна од три години.

Британците забранети во Ирска

Владата во Даблин ги олесни рестрикциите за патување во странство, како и оние кои се однесуваат за влегувањето на странски државјани во Република Ирска.

Направена е нова „зелена листа“ за земјите чии граѓани може слободно да влегуваат во државата, која сега е дополнета со 15 нови држави, но на листата и натаму ја нема Велика Британија.

На „црвената листа“ за забранет влез се и Французите и Шпанците, на пример, затоа што во сите овие три европски држави, пандемијата со коронавирусот никако не се смирува, иако тие самите ги отворија своите граници и ги имаат олеснето мерките за заштита.

Британците, сепак, се посебен случај. Не, поради минатото на ирско-британските односи, колку поради постоењето на Северна Ирска (Алстер) со која Република Ирска има копнена граница од 550 километри. Граѓаните на Северот се Ирци, по својата етничка припадност, но се Британци, како државјани на Обединетото кралство.

Тоа значи дека тие од Северот и натаму не може да патуваат на Југот, или пак забраната воспоставена од владата во Даблин, за нив не се однесува?

Франција-Смртноста зголемена 60 отсто

Француските здравствени власти ја продолжуваат својата борба со кинескиот вирус, што ја има нападнато земјата на крајот од февруари и почетокот на март, кога беше регистриран првиот случај – еден кинески турист кој остана забележан и како првата жртва на Ковид-19.

Од средината јуни и Франција ги релаксира строгите мерки против вирусот и го укина долгиот карантин, што тешко и наштети на домашната економија. Границите се отвораат, но тоа како да го предизвика „вториот бран“ на вирусот и повторниот раст на новозаразени лица. Властите затоа наложија задолжително носење маски во затворени простории.

И покрај се, Франција има регистрирано безмалку 30 илјади починати лица, во болниците и во домовите за стари и изнемоштени лица. Бројката е до почетокот на јуни и се однесува на оние чија смрт директно се поврзува со корнавирусот.

Така измерено, смртноста во Франција, од почетокот на март, до крајот на јуни е зголемена за цели 60 отсто, во споредба со годините и времето без корона. Се смета дека тоа е цената што во животи е платена во борбата со пандемијата.

Англија – конечно, задожително носење маски

Здравствените власти во Лондон, конечно, се спогодија со владата на Бориц Џонсон, да се воведе задолжително носење маски на лицето, на територијата на Англија, најнаселениот дел од Велика Британија.

Маските ќе морда се носат во сите продавници, а персоналот ќе има право да спречува влез на оние купувачи кои нема да имаат маски. Со прописот е предвидено да интеревенра полицијата, доколу некои од потрошувачите се обидува насила да влезе во продавницата, без маска.

Такви инциденти се навестуваат, затоа што Англичаните и посебно дел од луѓето во Лондн, ја сметаат ваквата мерка за непотребна, посебно сега кога е укинат крантинот. Лекарите бааат маски да се носат и сметаат дека тоа требало да се направи и порано.
Во Шкотска и во Севера Ирска, маскит се задолжителни од порано. Во Велс ваквата обврска влегува во сила од овој викенд.

Во Британија од корона досега се почиати над 46 илјади лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе