Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ленин „облечен“ во бугарска носија

elesi/BigStock.com

Ленин „облечен“ во бугарска носија

Додека спомениците низ Европа и низ светот се уриваат, или вандализираат, жителите на едно село во Украина, тврдат дека откриле начин како да зачуваат еден спомен од своето минато.

Станува збор за споменик на Ленин што одамна е поставен среде селото Желизничне, во реонот на Одеса, што селаните сега сакале да го искористат за да им се оддолжат на основачите на местото – етнички Бугари кои се населиле во овој крај и таму останале, во 19 век.

Па, наместо да го урнат споменикот на водачот на Октомвриската револуција, тие нарачале уметник кој го „облекол“ Ленин во традиционална бугарска носија, уште додавајќи му во раката гранче од винова лоза и сатавајќи торба полна со грозје, покрај нозете на споменикот. Од Владимир Илич останал само ликот.

Според жителите на селото, ваквото преоблекување на Ленин ги чинело помалку пари, отколку да ангажирале екипа за да го урнат споменикот.

Споменицие на Ленин во Украина, речиси целосно се исчезнати, откако во 2015 година беше донесен закон со кој спомениците од времето на комунизмот се прогласени за незаконски и треба да се тргнат (урнат). Од тогаш биле урнати неколку илјади споменици на Ленин, а сосема се ретки случаите, како овој во селото Желизничне, кај Одеса, кога биле преправени и трансформирани.

Има еден таков пример од внатрешноста на Украина, кога споменикот на Ленин преживеал затоа што бил претворен во мрачниот лорд, Дарт Водер од филмот „Војната на ѕвездите“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе