Поврзете се со нас

Skopje Global

Орбан според сценариото на Режимот

Европа/ЕУ

Орбан според сценариото на Режимот

"Viktor Orbán" (CC BY 2.0) by More pictures and videos: [email protected]

Орбан според сценариото на Режимот

Сите 70 новинари и вработени во унгарскиот иинтернет весник „Индекс“ демонстративно дадоа отказ и ја напуштија редакцијата, откако претходно во работните простории во Будимпешта одржаа протестен собир. Протестот бил – како што е речено – против насилието на авторитарната власт на режимот на Виктор Орбан и на неговата партија Фидес кои ја имаат под своја контрола државата и сите пори на унгарското општество.

Масовен протест се одржа и на будимпештанските улици на гневните граѓани и на припадниците на демократската јавност во Унгарија, кои демонстрираа во одбрана на човековите и медиумските слободи во државата, за која Унгарците велат дека е на пат да стане првата „диктатура во ЕУ“.

Новинарите на „Индекс“ сега отвораат на интернет свое, ново издание кое треба да биде вистински независно и кое нема да биде под контрола на партиската и орбановата пропагандна машинерија за да и служат на ваквата власт.

Заробување на Унгарија

Оваа средноевропска држава, една од четирите, во некогаш, напредна Вишеградска четворка – предводник на пост-комунистичката транзиција во Источна Европа, сега забрзано се претвора во вистински заробена земја, налик на Македонија во времето на режимот на избеганиот затвореник-екс премиер, сега азилант кај Орбан.

Токму така наликува Унгарија, по одлуката на претседателот на компанијата која го издава „Индекс“ – инаку блиско пријателче на унгарскиот премиер – да го смени главниот уредник Шаболч Дул.

Овој медиум, досега, важеше за последното значајно, независно гласило во земјата.

Неговите новинари иинсистираат дека сменувањето на главниот уредник е класично мешање во работата на редакцијата и обид за натамошен притисок врз работата на редакциите.

Дул уште од пред неколку месеци предупредувал на силниот притисок што се врши врз „Индекс“, поради неговите коментари и уводници, како и против пишувањето на весникот, што не му се допаѓало на Орбан.

Сега се открива дека сите во редакцијата биле свесни во каква опасност ќе се најдат кога пред неколку месеци, Миклош Вашили, унгарски бизнисмен, многу близок до Орбан, има преземено 50 отсто од акциите на компанијата, која инаку ја има контролата врз приходите на „Индекс“ и (што е многу важно) врз рекламите.

Копија на македонскиот случај

Овој ист бизнисмен веќе го поседува провладинит бродкастер ТВ2, а исто така има одиграно клучна улога и во претворањето на еден друг, независен веб-сајт „Ориго“ во силен прорбанов медиум.

Конечно, на интернет се појави фотографија на која,  истиот тој Вашили е на ручек со клучната советничка  на унгарскиот премиер, што само покажува кој вистински  стои зад тргањето на главниот уредник Дул и за соборувањето и на последниот независен медиум.

Унгарија, на тој начин, се претвора во  држава на едноумието и вистинска копија на македонскиот случај , во времето на вмровската  власт.

Во времето кога деспотот, предводник (и сега) на опозициската, националистичка партија која со Македонија владееше како со своја фирма, подржуван од купени (уценети) бизнисмени кои грубо и на сила го уништија македонското весникарство и новинарство – купувајќи го за потребите на власта.

Таквата ситуација, помогната со валкани пари на меѓународната крајно-десничарска „црна алијанса” со сомнителни унгарски фирми и исто такви унгарски директори, ги финансираат сите медиуми на вмровското друштво – за да шират лажни вести, дезинформации и да им служат на интересите на партијата која е анти западна и антиевропска, продолжи изминатите три години.

Партиска медиумска империја

Само затоа што сето тоа оди прикриено под плаштот на приватен бизнис и приватни инвестиции на човек кој ќе биде обвинет за криминал, па ќе создава афера, а потоа ќе им ја плаќа изборната  кампања на македонската ултра-десница, за да си ја купи слободата.

Секако, доколку тоа друштво на лидерот кој чека во Будимпешта, за  да се врати, одново ја дограби власта- како и обично, на криминален начин.

Што се однесува до унгарската ситуација – оваа земја, иако членка на ЕУ, е рангирана дури на 90 место, меѓу 180 земји во светот, откако Орбан владее со Унгарија, во изминатте десет години.

Според познавачи на унгарските прилики, станува збор за земја во која најголемиот број од домаќните медиуми ЧЕКААТ НАЛОГ-НАРАЧКА ОД ВЛАДАТА (ВЛАСТА) што да објават на страниците, или на тв и радио програмите!

Јавниот сервис, Унгарското радио и телевизија, како и државната агенција МТИ, одамна се имаат откажани од својата независност и се претворени во партиски гласала на Фидес и на лидерот Орбан.

Угледниот весник „Непсабадшаг“, близок на лево-центристичката идеологија е згаснат уште во 2016 година, а веќе споменетиот „Ориго“ е орбаново, партиско гласило од 2014 година.

Сите регионални медиуми во внатрешноста на државата, се дел од медиумската ИМПЕРИЈА на владеачката партија Фидес.

(Б.У.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе