Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Женските од „Friends” на спот за избори

Friends actors montage, CC BY-SA 3.0

Женските од „Friends” на спот за избори

Џенифер Анистон, Лиса Кудроу и Кортни Кокс, женската посада од култната, хумористичка серија „Friends” (Пријатели) одново се заедно, за да учествуваат во изработката на спот, што треба да ги охрабри Американците – нивните фанови – да се регистрираат, за гласање на изборите во ноември оваа година.

На помаку од 100 денови до претседателските избори, овие три ѕвезди на серијата кои ги толкуваа ликовите на Рејчел, Фиби и Моника, цврсто се решение да ги потикнат луѓето да излезат на гласачките места и да гласаат.

„Френдс не оставаат пријателите да ги прескокнат изборите“ – гласи текстот што ќе го следи спотот.

На него ќе може да се види како трите женски разменуваат бакнежи, откако со месеци биле раздвоени и оддалечени една од друга, за време на кризата со коронавирусот и болеста Ковид-19.

Кортни Кокс, на Инстаграм има запишано – „Напишете Friends (на определена адреса), за да бидете сигурни дека сте се регистрирале за гласање и потсетете ги пријателите да ја проверат својата регистрација“.

Спотот за изборите се појавува во време кога целото друштво од оваа телевизиска серија – трите женски ликови, заедно со тројцата машки партнери – актерите Дејвид Швимер, Метју Пери и Мат Лебланк – ќе се соберат заедно, за да учествуваат во специјална програма „Friends” која ќе се снима во средината на август.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе