Поврзете се со нас

Skopje Global

Брифинг/Weekly

Италија: Вонредна состојба до 15 октомври

photolime/BigStock.com

Италија: Вонредна состојба до 15 октомври

Горниот дом на италијанскиот Парламент (Сенатот), со мнозинство гласови го прифати барањето на премиерот Џузепе Конте – вонредната состојба во Италија, поради коронавирусот да се продолжи за уште 2,5 месеци – до 15 октомври.

На тој начин, на владата и се овозможува да управува со извршни уредби, без потребата да бара и добива согласност од Парламентот. За владиното барање гласале 157, а против биле 125 сенатори.

Владата во Рим, прв пат прогласи вонредна состојба во Италија (поради здравствената ситуација) на 31 јануари, на самиот почеток од епидемијата. Вонредната состојба беше ограничена на шест месеци.

„Вирусот се уште претставува сериозна закана, па затоа не би било разумно, наеднаш, да се суспендираат мерките кои се покажаа ефиканси“ – рекол Конте во Сенатот.

Претходно, тој и владата навестуваа дека ќе бараат вонредната состојба да се продолжи до крајот на годината, но подоцна Конте рече дека ќе бара продолжување на ваквата мерка до крајот на октомври.

Сега направи уште еден компромис, па вонредната состојба ќе трае до средината на октомври.

Италијанската крајно-десничарска опозиција, предводена од Матео Салвини и лидерот на партијата Италијански браќа – Џорџа Мелони, се противат на ваквото барање на премиерот и владата.

Одлуката треба да се потврди во Долниот дом на Парламентот, каде Конте има значително мнозинство.

Босански министер почина од Ковид

Салко Букваревиќ, министер во федералната влада на БиХ, починал во една сараевска болница, како последица на компликациите што настанале во текот на лекувањето од Ковид-19 од кој заболел, откако бил заразен со коронавирусот.

Според сараевските медиуми, задравствената состојба на министерот во изминатите 24 часови, била стабилна.

Но кога лекарите процениле дека Букваревиќ ќе може да се излечи, настанале сериозни компликации и силно влошување на здравствената состојба, од која не уепеал да се спаси.

Во федералната влада тој беше министер за боречки прашања. Имаше 53 години. По професија починатиот министер беше доктор по рударско-геолошки науки.

Претходно, во болница на лекување, заразен од коронавирусот, бил и премиерот на БиХ Фадил Новалиќ.

Тој бил примен во болница со тешко воспаление на белите дробови, но медиумите пишуваат дека успеал да заздрави и да се врати на работа.

Во последните 24 часови, во регионот, БиХ, заедно со Србија имаат најмногу новозаразени пациенти.

Лукашенко тврди дека прележал корона

Белорускиот претседател Александар Лукашенко (65) тврди дека го прележал коронавирусот, без симптоми, како што рекол – „на нога“.

Изјавата ја има дадено на средба во министерството за внатрешни работи во Минск, откако сите забележале дека има проблеми со гласот.

Тогаш признал дека бил заразен, но и се пофалил дека „тој е човекот кој успеал да го победи коронавирусот“.

За да ги увери до крај присутните, им рекол дека лекарите, еден ден пред тоа, го известиле дека бил заразен-асимптоматски.

Во своето обраќање Лукашенко уште рекол дека 97 отсто од населението во Белорусија се заразени, без да манифестираат било какви симптоми.

„Фала му на Бога, што и јас сум во таа група“ (!?) – рекол белорускиот претседател.

Ваквата вест ја пренесоа европските агенции, но би требало  со резерва да се земе секоја негова ваква изјава, во која се велича себе си и тоа дека е дел од народот, односно дека со него ги дели сите добра и зла и работи за народот 24/7.

Особено што Белорусија е пред претседателски избори.

Тој важи за последниот европски диктатор кој 26 години владее со земјата и се кандидира за шести по ред мандат-претходно елиминирајќи ги сите потенцијални против-кандидати.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе