Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Linkedin: кинеско оружје за шпионажа!

bennymarty/BigStock.com

Linkedin: кинеско оружје за шпионажа!

Сингапурецот-Кинез, Јун Вен Јео (39), докторант на факултет за меѓународна политика, амбициозен млад научник и потенцијален експерт за меѓународни односи, притиснат од доказите, призна пред еден американски суд дека дејствувал како шпион за Кина.

Пет години бил кинески таен агент и тоа и во годините на силни тензии меѓу Пекинг и Вашингтон и време на пресметка на американските тајни служби со разгранетата мрежа кинески шпиони на територијата на САД. Наместо работа ако професор и експерт, следните (најмалку десет години) Вен Јео ќе ги помине во некој американски затвор.

На предавање во Пекинг

А, приказната започнала во 2015 година, кога овој кинески Сингапурец, добива покана во Пекинг да одржи серија предавања, меѓу кои и пред тамошни професори.

Неговите докторантски истражувања биле за кинеската надворешна политика, па и поканата упатено до него не била сомнителна. Особено што требало да продолжи да истражува за тоа како новата, растечка супер-сила настојува да го прошири своето влијание низ светот.

Работите почнале на еден ваков, научно-стручен начин, но продолжиле сосема поинаку.

Според обвинителниот акт, после едно од предавањата, на Ван Јео му се обратиле неколкумина присутни кои му се претставиле дека работат за една кинеска тинк-танк организација. Без заобиколување тие побарале од него да работи за нив- за добро платен хонорар, да изврши истражување. Обврската била, резултатите од истражувачката работа да ги предава само на оваа организација.

Професорот станува шпион

Набргу луѓето од оваа организација ќе почнат да бараат повеќе – длабински да ги открива и анализира сите гласини и инсајдерски сознанија до кои инаку доаѓал.

Не му требало многу време и самиот да разбере дека наводната тинк-танк организација не е ништо друго туку кинеската тајна служба, а луѓето кои комуницирале со него – се оперативци на разузнавањето на Кина.

Јасно било дека Ван Јео станал кинески шпион. Но, наместо да се повлече, или на некој начин да се откаже, тој останал во тоа и такво друштво и продолжил да работи со нив и да контактира на редовна основа.

И, згора, овој Сингапурецот, познат и како Диксон, како оружје за својата разузнавачка работа користел едно необично оружје, или орудие, на прв поглед и наивно – интернет мрежата Linkedin – својата, лична мрежа на која бил прикачен уште од порано.

За тајната, криминална работа ги користел професионалната интернет мрежа Linkedin, како и една лажна консултантска фирма. Тие биле покритие за неговата силна заинтересираност да разбере што повеќе, прикажувајќи се секогаш како љубопитен професор. Така можел лесно да ги „лови“ своите цели низ САД.

„Златен рудник“

Оваа мрежа (на Мајкрософт), која сега има 700 милиони корисници е една од првите социјални мрежи кои се имаат појавено на интернет, а Ван Јео ја користел за да преку неа доаѓа до лица кои ги ставале на неа своите податоци, но и тоа што тие сакаат и што ги интересира – барајќи работа и кариера.

Американската тајна служба сега тврди дека од она што имаат откриено кај него дома, како и од она што го имаат обезбедено за него, всушност, имаат откриено „вистински златен рудник“.

Американските медиуми откриваат дека сингапурскиот Кинез, Јун Вен Јео, не е првиот што за шпионска активност го користел Linkedin.

Поранешниот разузнавач на ЦИА, Кевин Малори кој лани во мај беше откриен, дека предава воени тајни на еден кинески шпион, велат, бил првиот што ја користел оваа социјална мрежа, за разузнавање во корист на некоја странска земја. Осуден е на затворска казна од 20 години.

Кинезите кои имаат силно разгранета разузнавачка мрежа и во Европа, биле откриени уште во 2017 година, во Германија, како ја користат оваа социјална мрежа за шпионирање.

Дури десет илјади Германци биле цел на оваа разузнавачка активност.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе