Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Конери и Крејг против 007

Peter Kudlacz, Daniel Craig - James Bond (48707836782), CC BY 2.0

Конери и Крејг против 007

Не е мал бројот на холивудските актери кои во некоја прилика имаат признаено дека не го сакаат ликот кој го толкувале на филмот, по кој останале запаметени кај гледачите. Некои дури одат до таму што изјавувале дека „силно го мразат“ ликот што ги има направено славни и што нивните фанови го сакаат.

Џорџ Клуни, на пример, еднаш признал дека воопшто не бил среќен што се појавува во филмот „Бетмен и Робин“. Дури и дека сака да го заборави тоа свое искуство. Кејт Винслет, од друга страна, исто така еднаш рекла дека го мрази својот лик на Роуз во спектаклот „ Титаник“, затоа што бил „ празен“. Така или не, оваа британска актерка се уште најмногу ја паметат по тој филм и по тој нејзин лик.

„Убијте го Бонд“

Но, големо изненадување е сознанието дека дури двајца актери од инаку 58 години долгата филмска серија за Џејмс Бонд – првиот Бонд – шкотскиот акетер Шон Конери, како и последниот таен агент со кодирано име 007 – Даниел Крејг, признаваат дека го мразат Бонд!

Конери има настапувано во цела низа други филмови. Има добиено и Оскар, но за сите филмски вљубеници тој ќе биде запаметен како првиот Бонд, појавувајќи се прв пат во улогата на агентот на нејзиното кралско височество  уште во 1962 година.

„Од секогаш го мразев тој проклет Џејмс Бонд. Би сакал да го убијат” – изјавил Конери во интервју за еден американскиот „Плејбој“. При тоа рекол – „Имиџот на агентот е проблематичен и станува досаден. Но, нема друго, ќе мора да се живее со него“!

Шестмина Бондовци

Даниел Крејг, пак, зборувал за тоа дека не е воопшто среќен доколку биде запаметен од гледачите, од љубителите на филмот само како Бонд.

„А, како сега стојат работите, тоа сигурно ќе ми се случи“ – рекол овој актер.

„Отечете ми ја раката, ако уште еднаш прифатам да го играм Бонд“ – изјавил Крејг за лондонски „Тајм Аут“.

Покрај овие двајца актери, во ликот на Џејмс Бонд досега се имаат појавувано и сега покојниот Роџер Мур (во дури седум филмови од серијата), потоа Џорџ Лезенби (еднаш), Тимоти Далтон (три пати), како и Пирс Броснан (во пет филма).

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе