Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Открив мир откако веќе не глумам“

Архивска фотографија. Фото: Камерон Дијаз во Барнс и Нобл на 16 јануари 2014 година во Лос Анџелес, Калифорнија. kathclick/BigStock.com

„Открив мир откако веќе не глумам“

Американската актерка Камерон Дијаз (47) изјави дека „открила смирување и мир во душата“ откако се повлече од својата филмска кариера, пред две години.

Таа има настапувано во низа холивудски филмови и едно време важеше за најскапо платената ѕвезда (20 милиони долари за еден филм), но последен пат се има појавено во некој филмски проект во 2014 година.

„Најдов смирување, затоа што најпосле можам да се грижам за себе“ – има речено Дијаз.

„Чудно е ова што ќе го речам. Многу луѓе нема да ме разберат, но напрегнато е да се работи на тоа ниво и такво темпо (на главна ѕвезда) – да бидеш постојано изложен пред очите на публиката, но и пред себе си“ – вели актерката која зад себе има кариера од 20 години.

Во 2018 година, таа објави дека се „пензионира“ од глумата и актерството, иако пред да даде една ваква јавна изјава, има речено дека  еден ден би можела да му се врати на филмот“.

Филмската кариера ја има започнато во 1994 година, во комедијата „Маски“, настапувајќи покрај тогаш популарниот Џим Кери.

Во 2015 година, Дијаз се омажи за 41 годишниот рокер Бенџи Маден. Во декември минатата година, таа за прв пат стана мајка, на 46 годишна возраст.

„Притисокот да се биде одговорен за еден повеќе милиони вреден филмски проект, може да означува супериорност, но тоа ги разгалува актерите, ги прави да се галеничиња, а јас сакам да бидам понезависна и посамостојна“

…има изјавено Камерон Дијаз, сега само мајка и сопруга.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе