Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Американец во Тајван по 31 година

Kanokpol P./BigStock.com

Американец во Тајван по 31 година

За прв пат после 31 година, еден американски министер, престојува на Тајван.

Тоа е министерот за здравство Алекс Азар и тој е првиот висок функционер од администрацијата на САД, што ќе престојува на островот, по 1979 година, кога Вашингтон ги прекинаа дипломатските односи со Тајван (Формоза) за да ја признаат НР Кина.

Азар три дена ќе биде во Тајпеј и при тоа е предвидена средба и разговар со тајванскиот претседател Цаи Инг-Веи, која бара од меѓународната заедница да го признае Тајван како суверена и независна држава.

Таквите барања кои не се нови и не се од скоро, Пекинг категорично ги отфрла, спроведувајќи политика на закана и уцена кон сите во сетот, што ќе се осмелат тоа да го направат.

При една таква ситуација, кинеската влада веднаш ги прекинува односите со таа земја, но и ги раскинува сите економски и други врски.

Пекиншките власти инсистираат дека Островот е дел од кинеската државна територија и постојано порачуваат дека „еден ден“ Тајван ќе биде вратен назад, кон Кина, ако треба и со употреба на сила.

Посетата на американскиот министер доаѓа во време на исклучително влошени односи меѓу Вашингтон и Пекинг, двете најголеми економски сили. За нивните сегашни билатерални односи се вели дека во изминатите три децении, никогаш не биле на волку ниско ниво.

Официјално посетата не е означена како политичка, туку дека посветена на битката со глобалната пандемија со коронавирусот и посебно, на успешната битка на тајванските здравствени власти со епидемијата.

Според американското толкување, токму размената на искуство меѓу отворените и демократски општества е најдобриот начин да се совлада Ковид-19.

Меѓутоа, во Пекинг не мислат така. Тамошните власти мошне остро реагираа на посетата, уште кога таа беше најавена.

Кинезите ја означуваат како „закана за мирот и стабилноста“, додека кинескиот министер за одбрана го има предупредено Вашингтон дека со посетата на министерот Азар, презема опасни чекори.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе