Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Албанија купува шест мали дронови

Албанија купува шест мали дронови

Армијата на Албанија купува шест мали дронови (беспилотни летала) „Пума“, заедно со целата неопходна пратечка опрема. Станува збор за дронови кои се лансираат од рака и се користат за извидување, за потребите на пешадиските единици на армијата, за специјалните армиски единици, како и за морнарицата.

Според американските и европските медиуми кои ги следат состојбите во вооружувњето и во софистицираната технологија, вакви слични, мали дронови, само од израелско производство, од типот „Скајларк“, користат и армиите на Хрватска, Република Северна Македонија и Унгарија.

Дроновите од типот „Пума“ може да летаат на далечина до 20 км. а може да се искачат до 150 метри. Во воздухот може да останат до три часови.

Заедно со овие летала, има и три дигитални линкови за пренос на информациите и комплети со резервни делови. Се очекува зделката на прозводителот со албанската армија да ја добие неопходната согласност од американските надлежни власти, надоцна до крајот на 2022 година.

Познавачите на овој тип опрема велат дека дроновите „Пума“, пред се, се наменети за морнарицата и нив најчесто ги нарачуваат за потребите на овој род на армиите.

Ваквите дронови ги користи и војската на САД, како и армиските сили на Велика Британија, Германија, Белгија, на Летонија и Естонија.

Армијата на Египет ги користи за потребите на нејзините специјални единици.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе