Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Меланија одбива Трамп да ја држи за рака

Меланија одбива Трамп да ја држи за рака

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга по враќањето во Вашингтон од проведениот викенд во голф-клубот на претседателот во Њу Џерси, предизвикаа вистинска бура од коментари на социјалните мрежи, откако камерите го имаат „уловено“ однесувањето на „првата дама“ Меланија кон нејзиниот сопруг.

На прикажаните снимки се гледа како таа, на два пати, ги одбива обидите на сопругот Доналд Трамп, да ја фати за раката, додека двајцата се симнуваат по скалите од претседателскиот авион, на аеродромот во воената база Ендрјуз, крај Вашингтон.

Симнувајќи се, претседателот се обидува да ја дофати раката на својата сопруга, но видливо е дека таа го одбива. Наместо тоа, Меланија еднаш е снимена како го држи својот фустан, а вториот пат како наместо раката на сопругот, таа се држи за оградата на скалите.

Медиумите во САД забележуваат дека ветерот на аеродромот, што ја подигнал нејзината коса, не дозволува да се види изразот на лицето на „првата дама“, ниту пак да се забележи дали нешто зборува додека Трамп и се обраќа, по неуспешните обиди да ја фати за рака – својата сопруга.

Ова не е прв пат, Меланија да не го сокрива во јавноста своето студенило кон сопругот и да одбива да се држи со него за рака.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе