Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

Десет отсто од струјата во светот – од сонце и ветер

photojohn830/BigStock.com

Десет отсто од струјата во светот – од сонце и ветер

Во првата половина од оваа година, 10 отсто од произведената и испорачана струја во светот, потекнува од сонцето (од соларните панели) и од ветерот. Во истото ова време, производството на електро-енергија од јаглен е намалена – покажува најновиот извештај на независната тинк-танк енергетска организација Ембер.

И покрај ваквиот напредок, научниците, сепак, предупредуваат дека во следните десет години, ќе бидат потребни многу поостри критериуми за ограничување на емисијата на штетните гасови, во настојувањето да се запре нивното влијание врз загадувањето на воздухот и посебно, врз климатските промени.

Се тврди дека токму климатските промени влијаат врз многу почестите случаи на поплави, во споредба со порано, потоа на долготрајните суши и врз губењето на биолошката разноврсност.

Во секој случај, како значајно постигнување во 2020 година се смета зголемувањето на производството на струја со помош на ветровите и од соларните панели, за 14 отсто во споредба со првите шест месеци во минатата 2019 година. Уште повеќе, што во овој период е регистрано намалување на произведената струја од јагленот за 8,3 отсто.

Според истражувањето на Ембер, вкупната потрошувачка на струја, во половината од годинава, во која светот беше и се уште е зафатен со глобалната пандемија со коронавирусот, е помала за шест отсто.

Сепак, јагленот не е целосно напуштен и заборавен. Термо-централите на ова гориво и понатаму учествуваат во вкупното светско производство на струја со една третина, или со 33 отсто.

Најуспешна во користењето на т.н. обновливи извори на енергија е Европа, гледано во целина. Ваквата струја на европскиот континент веќе учествува со 21 отсто. Во Кина само со десет, а во САД со 12 отсто. Поединечно, најдалеку во користењето на обновливата енергија има отидено Британија, во која „чистата“ енергија учествува со една третина во вкупното производство на струја.

Производството на јаглен во САД е намалено за 31 отсто, во Европа за 32, додека во Кина само за два отсто, па оваа земја останува и натаму најголем светски загадувач.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе