Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Финска: Најстрога гранична политика во ЕУ

hansenn/BigStock.com

Финска: Најстрога гранична политика во ЕУ

Од средината на оваа недела, Финска која и онака имаше мошне строга политика за влез во земјата, како заштита од навлегувањето на коронавирусот, уште повеќе ја заостри контролата и ги ограничи патувањата, па сега таа е земја со најстрога гранична политика во ЕУ.

На удар на ваквата политика се земјите-членки на Унијата, како и сите другите кои имаат авионски и други транспортни врски со финските градови.

Новите мерки стапуваат во сила од 24 август и од ограничувањата (засега) се ослободени државјаните на оние земји од ЕУ- како Италија, Унгарија, Словачка, Естонија и Латвија- каде во изминатите две недели има сосема мала стапка на раст на новозаразени.

Влез со „силна причина“

За државјаните од сите други држави во Унијата, важи правилото дека „мора да имаат силна причина, зошто (воопшто сега) доаѓаат во Финска“. И, во секој случај, доколку и имаат причина што имиграциските власти би ја почитувале- сепак- ќе мора да останат 14 денови во карантин, по влегувањето во земјата.

„Ние навистина имаме најстрога гранична политика во ЕУ, но тоа го правиме само затоа што сакаме да ја одржиме сегашната (релативно) добра епидемиолошка ситуација во врска со вирусот“.

…има изјавено за домашните медиуми, министерката за внатрешни работи, Марија Охисало.

Уште од почетокот на јули, кога Европската комисија препорача постепено олеснувања на карантинот и на мерките за заштита, за да меѓу другото, се покрене европскиот туризам, Финска дозволува влез и престој во земјата само на државјани од земји што во последните две недели имале помалку од осум нови случаи на 100 илјади жители.

Норвешка, на пример, има полабава контролна гранична политика, па тој процент, за влез на норвешка територија изнесува 20 нови случаи на, исто така, 100 илјади жители.

Панично реагирање

Целата врева која се подигна во финската јавност и во тамошните медиуми околу натамошното заострување на граничната контрола, дојде откако во изминатите неколку недели, оваа земја почна да се бележи раст на новозаразени лица.

Во паничното реагирање на владата во Хелсинки, беше казнета и Норвешка, како земја која е надвор од ЕУ, но сега е финската „црвена листа“ на земјите со зголемен раст на новозаразени лица.

Во таа атмосфера, настрада и Република Северна Македонија, најмногу затоа што со авионите кои летаат на линијата од Скопје до градот Турку, се откриени патници кои допатувале заразени.

Истрагата покажа дека далеку најмногу од нив се државјани на Косово, каде епидемиолошката ситуација е мошне влошена.

Тие за финскиот град Турку летаат од скопскиот меѓународен аеродром, но за финските власти изгледа не е важно државјанството на новозаразените кои влегле во Финска (како што тоа се гледа во другите земји на ЕУ), туку аеродромот од каде тие допатувале.

(Х.Ф.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе