Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Снег и студено време во Австралија

Tasha_Bubo/BigStock.com

Снег и студено време во Австралија

Австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс, Викторија, како и капитал територијата и островот Тасманија се погодени од студениот бран од Антарктикот, што ги зафати овие делови од земјата, што наеднаш осамнаа под снег.

Снег има и во главниот град Канбера, чии згради во делови од денот беа побелени од снежната покривка, иако таа е мала – соопшти австралиската метеоролошка служба.

Во планинските делови на овие сојузни држави и територии, меѓутоа, висината на снегот е поголема и некаде изнесува и над еден метар. Метеоролозите најавуваат дека студеното време, снегот и новите снежни врнежи ќе останат и во следните неколку денови. Силниот ветер што дува во некои делови на Австралија, има предизвикано снежни намети (!) што го отежнува возењето.

Тоа е мошне силен предизвик за австралиските возачи, обично, ненавикнати на снег и посебно на возење во снежни услови.

Не мал број Австралијанци, пак, снегот го имаат доживеано како животна атракција- особено тоа се оние кои никогаш досега немаат видено снег и доживеано да уживаат во снежната белина.

Луѓе од Сиднеј и од неговата околина, специјално патувале со своите семејство до реони на Нов Јужен Велс само за да го видат и да го почувствуваат снегот.

Најголем дел од нив се упатуваат кон Блу Маунтин, зоната која минатата година беше тешко погодена од катастрофалните пожари, затоа што, велат, таму има снег и за санкање и скијање.

Во Австралија, како и на целата јужна полутопка, сега е крај на зимата и луѓето полека се подготвуваат за пролетта.

Пред некој ден, шумските власти почнаа да предупредуваат дека земјата и во текот на годинешново австралиско лето (на северната полутопка – зима) ќе се соочи со шумските пожари кои може да се и поголеми од оние лани.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе