Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Гертруда“ со вграден чип во мозокот

„Гертруда“ со вграден чип во мозокот

Американскиот милијардер, бизнисмен, инжинер и успешен иноватор, Елон Маск ја претстави пред јавноста во САД и во светот свињата, што тој ја има наречено „Гертруда“ во која има вграден мозочен чип, во големина на мала метална паричка.

Со оваа презентација, според сопственото признание, Маск ги демонстрираше своите големи амбиции да навлезе во сфера на медицината, преку создавањето на „функционална интерфејс мозочна машина“.

„Станува збор за еден вид Фитбит во черепот, со минијатурни жички” рекол Маск за американските медиуми.

Лекување тешки болести?

Неговата компанија „Неуролинк“ има за цел да почне да создава исти вакви импланти и за во главата на луѓето. А, таквиот интерфејс би можел да им помага на луѓето да користат телефони, или компјутери.

Маск не е лекар, ниту човек од медицината, но признава дека верува оти со помошта на чиповите, би можело да се лекуваат луѓето од тешки заболувања, сега неизлечиви, какви што се Паркинсоновата болест, потоа деменцијата, или пак сериозните повреди на рбетниот мозок.

Ваквата презентација на Илон Маск и промоцијата на неговата компанија во сферата на здравјето на луѓето, покажува дека уште еден милијардер од САД, покрај Бил Гејтс, ко-основачот на „Мајкрософт“, навлегува во областа – да им се помогне на луѓето, преку користењето на најсовремените сознанија и откритија на технологијата и ИТ техниката.

Маск на овој начин навлегува таму каде досега Бил Гејтс беше, практично, осамен.

Чипови и профит

Тој веќе има дадено милијарди долари за донации- непрофитни и без заработувачка – за унапредување на здравјето на луѓето, посебно за развојот на разни вакцини, сега и за откривањето вакцина против коронавирусот. Разликата е што, како сега стојат работите, Маск од своите изуми сака да заработува и тоа многу, доколку чиповите се покажат делотворни.

Тажното во целата оваа приказна околу „Гертруда“ е што во тоа се внесува грда, популистичка политика и исто таква пропаганда – дури и на овие балкански простори.

Овде, Гејтс, со помош на лажните вести од разните странски разузнавачки центри и од антиваксерите се прикажува како зло – наводно создал вирус за да заработува на вакцината (!?) против него – само затоа што не е близок со Доналд Трамп и неговиот популизам и ултра-десничарењето.

Елон Маск, пак е доброто момче, поради блискоста со Трамп, без разлика што планира да вградува чипови во мозокот на луѓето – за лекување и за профит.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе