Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Копола го преправа „Кум 3“

Paramount

Копола го преправа „Кум 3“

Американскиот филмски режисер Френсис Форд Копола, чија филмска трилогија за мафијата и за мафијашкото семејство Корлеоне се смета за едно од ремек-делата на Холивуд, соопшти дека го преработува третиот дел- филмот „Кум 3“, за да како што рекол- биде повеќе прилагоден на новото време.

Станува збор за премонтирање на филмот, за кого има определено и друг наслов. Сега „Кум 3“ ќе се вика – „Кум на Марио Пуцо, Епилог-Смрта на Мајкл Корлеоне“.

-За оваа нова верзија направив нов почеток и нов крај. Препакував некои сцени, низа кадри, како и музиката. Со овие интервенции , мислам, дека се добива посоодветен заклучок и на првиот и на вториот дел од трилогијката „Кум“- изјавил Копола.

Третиот дел е реставриран во 4К резолуција.

Новата верзија е предвидено да се појави во декември, во ограничен број кино сали во САД.

Во 2008 година, режисерот на трилогијата Френсис Форд Копола има направено реставрирани верзии и на првиот и на вториот дел од „Кум“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе