Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Завршува реалити-шоуто Кардашијан

Starfrenzy/BigStock.com

Завршува реалити-шоуто Кардашијан

Долгогодишното реалити-шоу за животот на семејството Кардашијан, завршува следната година – соопшти главната ѕвезда на серијата Ким Кардашијан-Вест.

„Одлучивме да се простиме од „Keeping up with the Kardashians” и тоа го правиме со тешко срце, но мислиме дека веќе е време за тоа. Им благодариме на сите кои сите овие години беа со нас“ – има таа напишано на Твитер.

На големо изненадување, ова реалити шоу се одржува во живот цели 14 години. Во ова време, од Ким, од нејзините сестри и братот, од нивните родители, животните партнери и децата, програмата има направено вистински мега-ѕвезди, како во САД, така и низ светот.

Според најавите, последната сезона од серијата ќе се емитува во 2021 година.

Првата сезона на оваа програма почна во 2006 година. Тогаш телевизиските камери почнаа за прв пат да ги следат Ким Кардашијан и другите деца од врската на Кирстен Мери Џенер и адвокатот Роберт Кардашијан.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе