Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Том Круз во вселената во НАСА-Спејс Икс

DFree/BigStock.com

Том Круз во вселената во НАСА-Спејс Икс

Том Круз е една од ѕвездите на Холивуд и неустрашливиот херој на серијата филмови „Невозможна мисија“, но сега се подготвува за својата најголема и најтешка невозможна мисија – за лет во вселената.

Според лондонски „Дејли Меил“, Круз (58) ќе биде член на екипажот на вселенското летало „Спејс-Икс Драгон“, на летот закажан за октомври 2021 година, до Меѓународната вселенска станица.

Станува збор за веќе предвидениот и најавен, прв туристички лет, за кој покрај името на актерот Том Круз, се споменува и името на режисерот Даг Лиман (55) инаку негов близок пријател. Како пилот- командант на летот и на целата мисија се споменува Мајкл Лопез-Алегрија, ветеран на НАСА и на летовите со Спејс-шатл програмата.

Останува (засега) непополнето само уште едно патничко место за новиот „Драгон“ опремен за четворица патници.

Претходно беше соопштено дека Круз и Лиман- како заеднички тим- преговарале со сопственикот и основачот на „Спејс-Икс“ Елон Маск, како и со НАСА за да се сними филм на Меѓународната вселенска станица.

Во мај годинава, НАСА објави дека „Агенцијата е возбудена од можноста да работи со Том Круз на еден филм што би бил сниман во вселената, во вселенската станица“.

Според претставник на НАСА тоа би било исклучително значаен момент.

„Тоа ни е потребно за да се инспирира нова генерација инженери и научници со кои НАСА би можела да ги оствари своите амбициозни програми“ – рекол еден од директорите на оваа американска агенција.

Својот прв лет „Спејс Икс“ на Маск го оствари на 30 мај годинава, со помош на моќната ракета „Фалкон 9“ која беше лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, на патот кон станицата во вселената.

Двајцата астронаути на НАСА кои беа во капсулата по престојот во вселенската станица, успешно се вратија на Земјата, на 2 август.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе