Поврзете се со нас

Skopje Global

Во контејнер од Србија – седум мртви тела

Брифинг/Weekly

Во контејнер од Србија – седум мртви тела

Maha Heang 245789/BigStock.com

Во контејнер од Србија – седум мртви тела

Во контејнер со минерално ѓубриво, увезено од Србија, полицијата во Парагвај, открила седум мртви тела, во распаѓање.

Парагвајските власти веруваат дека станува збор за илегални мигранти кои се вовлекле во контејнерот, во настојувањето да се префрлат во Европа, не знаејќи дека неговата крајна дестинација е на другата страна од светот, во Јужна Америка.

Претпоставка е дека сакале да се префрлат во Хрватска, а од таму во некоја од богатите западноевропски држави.
Засега е познато дека контејнерот уште на 21 јули тргнал од Србија.

Но откако поминал низ Хрватска, бил префрлен во Египет, каде се претпоставува дека се вовлекле мигрантите.

Парагвајските форензичари тврдат дека тројца од починатите се Мароканци, додека еден е Египќанец.

За другите тројца не се знае од каде потекнуваат, освен што се знае дека сите седуммина биле возрасни лица и биле мажи.

Трагедијата со овие илегални мигранти била што од Египет, контејнерот бил префрлен во Шпанија, а од таму преку Атлантикот, до Аргентина.

Последната делница била од аргентинските пристаништа до Асунсион, главниот град на Парагвај.

Таму, на еден склад, бил отворен контејнерот, откако од него се ширел силен смрад.

Полицијата тврди дека труповите биле целосно распаднати – останале само коските и косата. Се верува дека сите умреле од задушување, а дека вештачкото ѓубриво го забрзало процесот на распаѓање на телата.

Во контејнерот биле откриени храна, вода и разни видови кекс, што мигрантите ги зеле со себе, како резервна храна за 72 часови. Не знаеле дека контејнерот ќе патува повеќе од 90 денови.

Словенечки министер ги заразил колегите од Балтикот

Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар соопшти во петокот дека е позитивен на коронавирусот и веднаш беше ставен во карантин.

Но еден ден пред тоа, Логар беше во посета на земјите од Балтикот, каде се има сретнато и разговарано со своите колеги од Летонија, Литванија и Естонија.

Поради тоа, сите тројцата, од саботата се во карантин, откако разбрале дека шефот на дипломатијата на Словенија, бил веќе заразен во време на посетата.

Веста за овој случај доаѓа по соопштението на кабинетот на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, за тоа дека е позитивен на вирусот, само еден ден откако се вратил од престојот во Талин, главниот град на Естонија, каде имал средба со претседателката на оваа балтичка земја, Керсти Калуланд.

Таму, во тоа време, во работата на еден трговски, деловен форум, присуствувал и бугарскиот претседател Румен Радев кој веднаш по враќањето во Софија, бил ставен во карантин.

Засега нема објаснување зашто Словенецот морал сега да оди во посета, кога во ЕУ е во налет вториот бран од пандемијата и кога Словенија е тешко погодена од епидемијата, многу потешко отколку пролетоска.

Вирусот силно ги има погодено и Полска и Бугарија, па прашањето е – зашто не се користела техниката за видео комуникација, што инаку се користи во Европската комисија и во ЕУ.

„Студентска Република“ во Будимпешта

Десетици илјади студенти од Универзитетот за филмска и театарска уметност, но и од низа други факултети, протестирале во Будимпешта против настојувањето на владата на Виктор Орбан да им ги одземе академските слободи.

Студентите веќе неколку недели го блокираат Универзитетот и во ова меѓувреме прогласија „Студентска Република“.

Од таму порачуваат дека нема да се смират и да се повлечат се додека владата не ги исполни нивните барања.

Демонстрантите носат транспаренти на кои пишува дека – Слободата на Универзитетот, значи слободна држава“ и својот протест го поврзуваат со годишнината од бунтот во 1956 година против советската власт и советизацијата на тогашна Унгарија.

Демонстрациите избувнаа откако десничарската и националистичка влада на Орбан избра сосема нов универзитетски совет, во кој има поставено само луѓе лојални на власта, на Орбан и на неговата партија Фидес.

Овој и ваков совет, се верува дека треба да го задуши долгогодишниот слободарски творечки дух на Академијата, стара 155 години, од која се излезени најпознатите унгарски театарски и филмски творци.

Орбан и неговите кои се во војна со демократијата и со европските стандарди, сметаат дека Универзитетот за театар и филм е премногу наклонет кон либерализмот, дека е под силно влијание на либералите, па дека затоа (преку новите луѓе, во новиот совет) треба да се изврши културен пресврт и таму и во целата култура во Унгарија.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Брифинг/Weekly

Горе