Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Маорка шеф на дипломатијата на Нов Зеланд

Nanaia Mahuta by Nevada.Halbert, on Flickr "Nanaia Mahuta" (CC BY 2.0) by Nevada.Halbert

Маорка шеф на дипломатијата на Нов Зеланд

Нов министер за надворешни работи на Нов Зеланд е Нанаја Махута, првата жена и Маорка, припадничка на староседелците на оваа далечна островска земја, која е определена да ја предводи новозеландската дипломатија.

Таа е министер во новата влада на премиерката Јасинда Арден, лидер на либералната Лабуристичка партија во Нов Зеланд, која на неодамнешните парламентарни избори извојува уверлива победа и освои уште еден мандат.

Махута не е почетник во политиката. Таа прв пат е избрана за пратеник во 1996 година, како прва Маорка која е избрана да биде член на Парламентот. Во претходната влада на Арден, таа беше министер за локална управа и за развој на Маорите.

На својата брада, Махута носи традиционална, маорска тетоважа – Моко Кауае – што се смета за потврда на нивниот вистински идентитет.

Половината од сегашниот парламентарен состав во Нов Зеланд го чинат жени.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе