Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Твитер го избриша Стив Бенон

Твитер го избриша Стив Бенон

Твитер трајно му го укина профилот на оваа социјална мрежа, на Стив Бенон, идеолог на американската крајна десница, откако предложи да им се отсечат главите на епидемиологот Ентони Фаучи , едно време дел од медицинскиот експертски тим на Белата куќа, на почетокот од пандемијата со коронавирусот, како и на директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Според Бенон, и двајцата се „виновни“ што не го подржале Доналд Трамп во изборната кампања.

„Главата на Фаучи на колец“ !

Ваквите „пресуди“ Бенон ги има изречено на своите профили на Твитер, на Фејсбук и на ЈуТјуб.

Тој е поранешен висок советник за стратегија на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп кој се најде во Белата куќа, во првата гарнитура претседателски советници.

„Доколку Трамп биде реизбран на функцијата, во што цврсто верувам, треба веднаш да ги смени Фаучи и Вреј од нивните функции“- има напишано Банон.

-Всушност, со задоволство би се вратил во старите времиња, на (англиската кралска династија) Тјудори. Би им ги ставил главите на колец (!) и би ги поставил во два агли од Белата куќа во Вашингтон – како предупредување на сојузната бирократија“- има речено овој поранешен советник на Трамп, во емисијата во живо „Воена соба- пандемија“.

Идеолог на ултра-десницата

На Фејсбук, неговиот видео клип на оваа тема бил прегледан без малку 200 илјада пати, пред оваа социјална мрежа да го тргне.

Бенон беше тргнат и од ЈуТјуб,  а компанијата во своето објаснување за ваквиот потег има напишано дека тоа е направано „затоа што клипот ја прекршува определбата против насилството и неговото промовирање на оваа социјална мрежа“.

Твитер отиде најдалеку и овој пат трајно го избриша Бенон од својата мрежа,

Во САД, пред Трамп да го донесе за свој советник, важеше за еден од водечките тамошни ултра-десничари, кој според книгата „Страв“ на Боб Вудворд, учествувал во консултатциите  (водени длабоко во сенка) дали Трамп би можел да се кандидира за претседателски кандидат и да биде избран.

Градење стратегија

Бенон бил против таа замисла сметајќи дека Трамп – „ не го заслужува трудот“.

Подоцна, меѓутоа, бил вклучен во поширокиот предизборен  штаб кој помагаше њујоршкиот милијардер, познат како ( добар) тв водител на едно ток-шоу, да ги помине сите пречки во трката за номинација и во финишот да ја совлада Хилари Клинтон.

Велат, има многу помогнато за градењето на десничарската стратегија и за покренување на крајната десница во домашната политика.

По заминувањето од Белата куќа, својата „ Црна алијанса“ Бенон се обидуваше да префрли и во Европа, настојувајќи да се прошири оваа мрежа  на мрачна идеологија, која се спротивставува на либералната демократија и воопшто на либерализмот во општеството.

„Црната алијанса“ во Европа

На разбирање наиде во земји какви се орбанова Унгарија,  националистичка и десничарска Словенија, кај италијанската Лига на Матео Салвини, кај Французинката Марин  ле Пен, кај холандските и германскте ултра десничари и англиските националисти, но и кај западнобалканските деспотски владетели кои стравуваат од европеизацијата на регионот, во што гледаат закана за своите режими.

Што се однесува до годинешниве претседателски избори во САД, тој е особено гневен на Фаучи.

Прво, затоа што јавно го критикуваше Трамп. Потоа, се спротивстави на тоа  изјавите на овој експерт-епидемиолог  да се користат во кампањата на актуелниот претседател и најпосле, што во весникот „Вашингтон Пост“ детално објасни што се случувало во Белата куќа во врска со  короната и борбата со неа.

Самиот Доналд Трамп, пред две недели, на критиките во јавноста за неговиот однос кон пандемијата и вирусот, на еден предизборен митинг има речено дека  „ луѓето се изморија слушајќи ги Фаучи и сите тие идиоти“!

(В.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе