Поврзете се со нас

Skopje Global

Бунт против мирот во Ерменија!

Свет

Бунт против мирот во Ерменија!

Maria Galochino/BigStock.com

Бунт против мирот во Ерменија!

Три денови едно, по друго, во Ереван, главниот град на Ерменија, се одржуваат силни протести против мирот!

Демонстрантите бараат оставка од премиерот Никол Пашинијан, прогласувајќи го за „предавник“, затоа што се согласи, а потоа и потпиша договор со соседниот Азербејџан, за прекин на сите воени дејствија во и околу спорната област Нагорно Карабах.

Медијатор на договорот беше Русија, која итно во регионот на Кавказ ќе испрати свои воени сили – мировници кои треба да бидат распоредени по линијата на раздвојување на завојуваните страни.

Тоа значи дека барем засега, запира азерско-ерменската војна за Нагорно Карабах, која избувна на 27 септември.

Четврт век непријателства

Воените судирања избувнаа откако азербејџанските сили ги нападнаа позициите на оружените сили на локалните Ерменци, во , практично, отцепената област, која е дел од територијата на Азербејџан, но во над 90 проценти е населена со Ерменци.

Таквата состојба некако се одржуваше во време на Советскиот Сојуз, кога е и определено во целосно муслиманска држава (тогаш советска република) да има една безмалку целосно христијанска-православна енклава.

Проблемите, меѓутоа, настанаа кога СССР се распадна и неговите републики станаа независни држави.

Меѓу Ерменците и Азерите (кои се туркменско население кое зборуа турски јазик) веднаш избувна непријателство, кое се претвори во три годишна војна во која (велат) загинале триесетина илјади лица.

Војната заврши во 1994 година со сличен ваков договор, за запирање на непријателствата, но областа Карабах остана надвор од контролата на властите во Баку.

Локалната власт дури прогласи и независност, која никој не ја признава, па дури ни Ерменија.

Надмоќ на Азербејџан

Со откривањето на нафтата и гасот и нивната експлоатација, Азербејџан стана богата држава која почна забрзано да ја модернизира и да ја опремува својата армија (најмногу со турска помош и со турско оружје и опрема).

Во изминатите 26 години, повремено избувнуваа воени инциденти, во кои имаше и загинати, но тие сепак, не беа од пошироки размери – како оние во почетокот на деведесеттите години на 20 век, или сегашниве, од крајот на септември.

Во најновиот судир за Нагорно Карабах, уште од почетокот стана јасно дека сега Азерите се воени понадмоќни, во споредба со ерменскте сили во Нагорно Карабах, од пред четврт век, кога заедно со нив војуваше соседната држава Ерменија.

Над илјада војници и цивили загинаа досега во борбите. Има разурнати места, пред се во областа, иако Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат дека разурнување и жртви има и на териториите на двете држави, но клучен момент за прекинот на воените дејствија, беше паѓањето на вториот по големи град во Карабах.

Падот на градот Шуша

Градот Шуша што го зазедоа азербејџанските војници, важи за клучно стратешко место на патот кон главниот град на областа – Степанакерт кој е само десетина километри оддалечен.

Воени стратези сметаат дека оној кој го има под контрола Шуша, има голема стратешка предност пред противникот, па кога Москва предложи прекин на војната, и Еревен и Баку тоа го прифатија. Целта на ерменската страна беше во рацете на Азерите да не се најде и главниот град.

Лидерот на Нагорно Карабах, Араик Хартунјан се согласил со договорот да се запре војувањето. „Оваа спогодба ќе обезбеди крај на војната, што е можно побрзо“ – оценил лидерот на локалните Ерменци.

И Турција која од почетокот го помага Баку и воено, а и политички, го поздрави ваквиот развој на теренот, особено што е јасно дека Азерите ја добија оваа битка, па сега се пред вратите на нагорно-карабаскиот главен град. На централната владина зграда во Шуша тие го имаат истакнато азербејџанското знаме.

Во самата Ерменија, таквата разврска е примена како „тежок пораз“, како „силно понижување“ и како “ предавство“ на актуелната власт. Првиот ден од протестите, демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот во Ереван, при што е нападнат и тешко претепан парламентарниот претседател Арарат Мизојан.

Обвинети опозиционери и олигарси

Во интервенцијата на полицијата има и повредени и стотина уапсени лица, а откако протестите продолжија без насилство, реагираше премиерот Пашинијан кој ја обвини опозицијата дека таа е организатор на протестите и поттикнувач на насилствата.

Десетмина опозициски лидери се уапсени и обвинети за „илегално организирање насилни протести“, за што би можеле да добијат до десет години затвор.

Апсењата уследија откако опозицијата му постави ултиматум на премиерот да поднесе оставка, за да се формирала „влада на спасот“.

Пашинијан, меѓутоа, за бунтот во Ереван ги обвини „корумпираните олигарси, поврзани со стариот режим“. Во 2018 година, токму сегашниот премиер, како опозициски лидер , низ еден народен бунт, ги тргна од власт луѓето кои со години владееја во деспотски стил со земјата.

За одлуката да го прифати договорот за прекин на војувањето рекол дека долго размислувал и решение има донесено после темелна анализа на моментната воена ситуација. „Во сегашните услови, ова е најдоброто решение“ – изјави премиерот Никол Пашинијан.

(Е.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе