Поврзете се со нас

Skopje Global

Внуците на Трамп против корона мерките

Свет

Внуците на Трамп против корона мерките

Внуците на Трамп против корона мерките

Внуците на претседателот на заминување Доналд Трамп, биле испишани од едно приватно училиште во Вашингтон, затоа што упорно одбивале да ги применуваат мерките за заштита од заразување со коронавирусот.

Ваква одлука не ја има донесено училиштето, туку  нивните родители – Иванка Трамп, ќерка на актуелниот претседател на САД и неговиот зет, Џаред Кушнер. Тие се решиле да ги повлечат своите три деца, наместо да ги применуваат мерките кои ги има наложено училиштето.

Инаетот на Иванка и Џаред

Според Си-Ен-Ен телевизијата, која се повикува на извори во училиштето, Иванка и Џаред, претходно,  биле повеќепати предупредени, затоа што нивните деца јавно ги прекршуваат мерките против короната, за разлика од сите други ученици.

Зетот и ќерката на претседателот, исто така, ги игнорирале училишните прописи, секогаш кога доаѓале да ги земат децата , по завршувањето на часовите, иако и тие, како и сите други родители чии деца учеле во ова приватно училиште,  морале да се придржуваат на заштитните мерки. За ваквото свое однесување, Иванка и Џаред  биле повеќепати предупредувани од училишната управа, која пак била под притисок на жалбите на родителите на другите деца.

Конечно, наместо да се прилагодат на барањата што важат за сите, тие двајцата се одлучиле своите деца да ги испишат од училиштето и на тој начин го разрешиле инаетењето со сите другите.

Управата ставена на мака

Изворот од оваа образовна институција во американскиот главен град, за Си-Ен-Ен има изјавено дека пред ваквото решение на ќерката и зетот на Трамп, управата на училиштето и самата се подготвувала да го расчисти целиот случај со непочитувањето на правилата, но не се откриваат детали за тоа.

Во ова училиште наставата се одржува – во живо- децата ја посетуваат наставата, иако нивниот број бил намален и крајно ограничен.

Услов   училиштето да биде отворено бил – децата, наставниците, сите вработени, како и родителите на учениците да се придржуваат на посебно определените мерки за спречување ширење на епидемијата. Мерките ги има определено Центарот за контрола и превенција од заразни болести ( директор е др. Ентони Фаучи).

Иванка Трамп изминатите години е ангажирана како советник во кабинетот на претседателот Трамп. Висок советник во администрацијата на САД, на заминувење, овие четири години, е и зетот, Џаред Кушнер.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе