Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

„Ер Србија“ намалува плати и вработени

BalkansCat/BigStock.com

„Ер Србија“ намалува плати и вработени

Српската авионска компанија „Ер Србија“ (поранешен југословенски ЈАТ) започна со програмата за „доброволно заминување“ на вработените од компанијата, со соодветна отпремнина, во обидот да намали 300 работни места, како една од мерките за санирање на тешките последици предизвикани од пандемијата со коронавирусот.

Освен тоа, сите  вработени се известени дека ќе им се намалат платите, почнувајќи од декември 2020, па се до крајот на март следната, 2021 година. Според белградските медиуми, висината на намалувањето ќе зависи од тоа кој каде и на кое место е вработен.

Компанијата подолго време е во криза и веќе ги има намалено трошоците во работењето, во изминатите осум месеци, но сега се признава дека тоа не било доволно, за се справи со многу високите трошоци, кои „Ер Србија“ се уште ги има. Од март годинава, компанијата, на пример, нема примено ниту еден нов вработен.

Во неколку наврати, медиумите во Белград, објавија дека владата на Република Србија интервенирала со финсиски средства за да ги санира загубите на компанијата, но како сега стојат работите, ни таа повеќе не може да помага. „Ер Србија“ работи како фирма на големата авионска компанија „Етихад“ од Обединетите Арапски Емирати, но таа не сака да ги покрива екстра трошоците на српската компанија.

Нејзините проблеми не се само нејзини, затоа што целиот авионски сообраќај во Европа, како и во светот е во длабока криза поради глобалната пандемија. Вирусот ги прекина патувањето, па речиси сите авио компании се соочуваат со големи финансиски проблеми.

Некои од нив, сосема ја имаат приземнето својата авионска флота, други како австралиски „Квантас“ прават авионски летови без посебна дестинација- за задоволување на страста за патување на патниците- додека британскиот „Бритиш Ервејз“ ја искористи кризата за да ги прати во „пензија“ сите свои авиони „ Џамбо-џет“- Боинг 747,  кои повеќе не може да ги наполни со патници.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе