Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

„Спејс-Икс“ во лет со четворица астронаути

Khairil A Junos/BigStock.com

„Спејс-Икс“ во лет со четворица астронаути

„Спејс-Икс„ компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, лансира ново вселенско летало, со четворица астронаути, до Меѓународната вселенска станица (МСС).

Станува збор за новопроектирано бселенско летало, што „Спејс-Икс„ го нарече „Отпорност“ кое беше лансирано со ракетата носач „Спејс-Икс Фалкон 9“, од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Летот ќе трае 27 часови.

Четворката астронаути ја сочинуваат тројца Американци- Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер- како Јапонецот Сиочи Нагучи.

Предвидено е ова да биде шестмесечна оперативна мисија, со што се потврдува продолжување на летовите во Вселената со човечки посади, од страна на САД. На тој начин, Американците се враќаат на програмата со вакви летови, после цели девет години пауза и (практична) зависност од Русија, која ги даваше сите посади за вселенската станица.

Приватната компанија „ Спејс-Икс“ претходно, успешно изведе една ваква мисија , која траеше од мај до август, со која двајца американски астронати беа испратени до МСС и потоа успешно се вратија на Земјата, без никакви проблеми.

Следната ваква мисија, со човечка посада, е предвидена за март идната година, кога одново ќе има четворица астронаути. Еден Европеец, двајца Американци и еден Јапонец.

Медиумите во САД објавија ова лето, дека за октомври 2021 година се предвидува и прв комерцијален лет, со четворица патници и двајца пилоти. Еден од патниците треба да биде актерот Том Круз, а целата мисија, всушност, би требало да биде  дел од серијата филмови „Невозможна мисија“- прв пат снимана во Вселената.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе